МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
1891. Врз основа на членот 10 од Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09, 97/10, 11/12, 145/12, 170/13,139/14 и 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/19), Министерството за труд и социјална политика
О Б Ј А В У В А
1. Стапката на трошоците на живот за месец мај 2022 година, во однос на месец април 2022 година, според податоците на Државниот завод за статистика (Соопштение: Индекси на трошоците на живот и цените на мало, мај 2022 година, број 4.11.22.52, објавено на 7.6.2022 година), е повисока за 2,0 %.
2. Правото на пораст на платите за месец мај 2022 година, во однос на месец април 2022 година, за работодавачите од членот 3 став 1 од Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија, изнесува 1,0 %.
Министер,
Јованка Тренчевска, с.р