„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка

17.12.2025

 Предлог на Група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предложените измени се со цел да се изврши допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на место на промет на услуги и допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на тур-оператори. Исто така се пролонгира рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата. На тој начин се врши пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка за уште три години (од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година).