Според известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, целта на предложениот закон е за корисниците на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2022 година да се одложи важењето на условите за подмирени обврски по други основи кои не се од областа на земјоделството, односно обврските за кои е надлежна Управата за јавни приходи, со што ќе се отстранат пречките за исплата на субвенциите на производителите на тутун и останатите земјоделски стопанства кои се корисници на мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2022 година.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Член 1
Во Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ број 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21), во членот 61 по став (3) се додаваат три нови ставови (4), (5) и (6), кои гласат:
„(4) По исклучок од ставот (1) на овој член, доколку земјоделското стопанство било корисник на финансиска поддршка во земјоделството непрекинато во претходните три години, исплата на директните плаќања по површина предмет на барањето за финансиска поддршка, а кои согласно со актот од членот 47 од овој закон не се дополнителни директни плаќања се врши пред да се утврди дека корисникот ги исполнува условите за доделување на директни плаќања.
(5) Исплата од ставот (4) на овој член се исплаќа на земјоделското стопанство во рок од 90 дена од денот на поднесување на барањето, а останатиот износ од финансиската поддршка се исплаќа по донесување на решението за одобрување на финансиска поддршка во рокот од ставот (2) на овој член.
(6) Доколку во постапката за администтративна контрола или контролата на самото место се утврди дека земјоделското стопанство не ги исполнува условите за доделување на директни плаќања, Агенцијата врши поврат на средствата добиени согласно со ставовите (4) и (5) на овој член во постапка пропишана со Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.“.
Член 2
Во членот 72 став (1) во алинејата 2 сврзникот „и“ се заменува со запирка.
Во алинејата 3 точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот „и“.
По алинејата 3 се додава нова алинеја 4, која гласи:
„- инвестиции во комерцијални возила за директна продажба на земјоделски производи и преработки од земјоделски производи.“.
Ставот (2) се менува и гласи:
„Право на поддршката од ставот (1) алинеи 1 и 2 на овој член имаат трговски друштва и задруги кои исполнуваат услови за вршење на дејноста согласно со закон, а за поддршката од ставот (1) алинеја 4 на овој член имаат физички лица кои се евидентирани во Евиденцијата на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количини на производи од животинско и/или неживотинско потекло. Поддршката од ставот (1) алинеја 3 на овој член може да биде наменета за јавни инвестиции од страна на државни субјекти, јавно приватно партнерство или единиците на локалната самоуправа.”.
Член 3
Во членот 92 став (11) по запирката на бројот „67“ се додаваат зборовите: „67-а,“.
Член 4
Во членот 98-в став (2) процентот „50%“ се заменува со процентот „100%“.
Член 5
Во Законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/21), во членот 1 став 1 по зборовите: „Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година“ се додаваат зборовите: „и Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година“, а по зборовите: „Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2021 година“ се додаваат зборовите: „и Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година“.
Во ставот 2 по зборовите: „Програмата за финасиска поддршка во земјодеството за 2021 година“ се додаваат зборовите: „и Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година“, а по зборовите: „Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2021 година“ се додаваат зборовите: „и Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година“.
Член 6
Одредбите од членот 1 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2023 година.
Член 7
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.