„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
01.12.2025
Надлежно е Министерство за внатрешни работи.
Цели на предлог регулативата: Основната цел поради која се предлага изменување и дополнување на Законот за оружјето е да се изврши усогласување со европската регулатива од предметната област.
Со предложените изменувања на Законот за оружјето се врши усогласување со:
- Директивата (ЕУ) 2021/555 на Европскиот парламент и на Советот од 24 март 2021 година за контрола на набавувањето и поседувањето оружје (кодифициран текст);
- Директива за спроведување (ЕУ) бр.2019/69 на Комисијата од 16 јануари 2019 година за утврдување технички спецификации на оружје за предупредување и сигнализација во согласност со Директивата 91/477/ЕЕЗ на Советот за контрола на набавување и поседување оружје;
- Регулатива (ЕУ) бр.258/2012 на Европскиот парламент и на Советот од 14 март 2012 година за спроведување на член 10 од Протоколот на Обединетите нации против незаконско производство и трговија со огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција, со кој се надополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал („Протокол на ОН за огнено оружје“) и за утврдување на дозвола за извоз и мерки за увоз и транзит на огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција и
- Регулатива за спроведување на Комисијата (ЕУ) 2015/2403 од 15 декември 2015 година за утврдување на заеднички насоки за стандардите и техниките за деактивирање за да се осигури дека деактивираното огнено оружје станало неповратно неупотребливо и Регулатива за спроведување на Комисијата (ЕУ) 2018/337 од 5 март 2018 година за изменување и дополнување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2015/2403.
Воедно, со предложениот Законот се предлагаат одредби во насока на надминување на детектирани слабости и унапредување на функциите на Министерството, како и обезбедување поефикасна практична имплементација на одредбите за кои е утврдена потреба од страна на стручните служби во Министерството за внатрешни работи.
Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи унапредување на законските решенија, односно подобрување на функционирањето на определени процеси кои се регулираат со Законот за оружјето, преку утврдување на концепти кои се очекува да овозможат надминување на детектирани слабости и унапредување на функциите на Министерството во конкретната област.