„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за средното образование, по скратена постапка

28.11.2025

 Предлагач е Група пратеници

I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Во дел од одредбите од Законот за средното образование потребно е да се изврши терминолошко усогласување со одредбите од законот со кои се регулира полагањето на испитите на крајот на средното образование, како и терминолошко усогласување со називот на Концепцијата за испити на крајот на средното образование. Исто така, со овој Предлог на закон се доуредува постапката за обезбедување на бесплатниот превоз за учениците кои се со место на живеење оддалечено најмалку 2,5 километри од средното училиште во кое ученикот е запишан, како и за учениците со попречености. II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целите и начелата на овој закон се согласно целите и начелата во Законот за средното образование.