„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на среднорочна програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 - 2030 година

27.11.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е Со Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 - 2030 година, се овозможува Собранието на Република Северна Македонија, согласно член 68, став 1, алинеа 11 од Уставот на Република Северна Македонија, да одлучува за резервите на Републиката. Исто така, согласно член 4 од Законот за стоковните резерви (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 84/08, 77/09, 24/11,43/14 и 83/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 151/21, 74/24, 135/25 и 154/25) Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на Владата на Република Северна Македонија ја донесува Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви.