„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.99 ОД 21.4.2022 ГОДИНА)

26.04.2022

 Член 1

Во Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 290/20 и 215/21), во членот 3 став (1) точката 4-а) се менува и гласи:
„Заем што се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основна главнина на друштвото" е заем даден од содружник или трето лице во друштво со ограничена одговорност, односно даден од страна на единствениот акционер на друштвото кое е во целосна негова сопственост.“.
Член 2
Во членот 255 став (1) по зборовите: „видот на непаричните влогови, ако зголемувањето се врши со внесување непарични влогови“ се додаваат зборовите: „износот на заемот, ако зголемувањето на основната главнина се врши со заем што се трансформира во влог,“.
Член 3
По членот 256 се додава нов наслов и нов член 256-а, кои гласат:
„Трансформирање на заем во влог
Член 256-а
(1) Зголемување на основната главнина со преземање нови влогови, може да се изврши со заем даден од содружник или од трето лице како инвеститор што се трансформира во влог во друштвото.
(2) Заемот даден од трето лице како инвеститор што се трансформира во влог во друштвото се дава исклучиво во пари.
(3) Заемот од ставот (2) на овој член може да биде трансформиран во влог во друштвото најдоцна до истекот на третата година од потпишувањето на договорот за заем.
(4) Заемот што се трансформира во нов влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото се внесува врз основа на договор за заем што се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото и одлука за трансформација на заем што се трансформира во влог на друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото.
(5) Со договорот за заем што се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото, задолжително се определуваат: вкупниот износ на заемот, условите според кои ќе се отплатува заемот, условите за транформирање на заемот во влог во друштвото, периодот во кој заемот може да биде трансформиран во влог во друштвото и процентот на удел кој се стекнува со трансформирањето на заемот или начинот на пресметка на уделот доколку процентот на удел не може да се предвиди на денот на склучување на договорот.
(6) Договорот за заем од ставот (5) на овој член мора да биде составен во писмена форма, потпишан од третото лице како инвеститор и од управителот и од основачот/основачите, како согласни страни и заверен на нотар.“.
Член 4
Во членот 257 став (2) во точката 4) сврзникот „и“ на крајот на реченицата се заменува со точка запирка.
Во точката 5) на крајот од втората реченица точката се заменува со точка запирка и се додаваат три нови точки 6), 7) и 8), кои гласат:
„6) договор за заем, врз основа на кој е даден заемот што се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото;
7) одлука за трансформација на заем што се трансформира во влог на друштвото во постапката на зголемување на основнатa главнина на друштвото и
8) доказ од банка за извршена уплата на заемот (уплатница или извод од банка).“
Член 5
Во членот 384 став (7) последните две реченици се менуваат и гласат:
„Во Годишниот извештај на друштвото задолжително се објавуваат и детални податоци за примањата во органи на управување во други друштва (плата, надоместоци на плата, надоместоци за членство, бонус, осигурувања и други права) за сите извршни членови на одборот на директори, членовите на управниот одбор, неизвршните членови на одборот на директори и членовите на надзорниот одбор. Во Годишниот извештај на друштвото задолжително се објавуваат и детални податоци за вработувањето, односно за заснован работен однос кај други работодавачи (назив на работодавач, дејност, висина на плата, надоместоци на плата, бонус, осигурувањa и други права) за извршните членови на одборот на директори, членовите на управниот одбор, неизвршните членови на одборот на директори и членовите на надзорниот одбор.“.
Член 6
Во членот 384-а став (1) по зборовите: „корпоративно управување“ се додаваат зборовите: „на берзата на која котираат акциите на друштвото и кој се применува согласно со правилата за котација на таа берза“.
Член 7
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.