ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 1210. Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Маке донија, на седницата, одржана на 12 април 2022 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ОДЛУКАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ - ЦАРИНСКИТЕ СТАПКИ НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ (КОМПОНЕНТИ) ПОТРЕБНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДНИ ПРОИЗВОДИ
Член 1
Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за намалување на увозните давачки - царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.267/21 и 276/21).
Член 2
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2309/1 Прв заменик на претседателот
12 април 2022 година на Владата на Република Северна Македонија, д-р Artan Grubi, с.р