УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНИТЕ КОЛИЧИНИ И ВРЕДНОСТИ НА ЗАГУБИТЕ ВО ПОГЛЕД НА ХЕМИСКИТЕ И ФИЗИЧКИТЕ СВОЈСТВА НА СТОКАТА ПРЕКУ КАЛО, РАСТУР, КРШЕЊЕ, РАСИПУВАЊЕ И ЕВАПОРАЦИЈА ВО РАБОТЕЊЕТО СО СТОКОВНИТЕ РЕЗЕРВИ
Член 1
Во Уредбата за начинот за утврдување на максималните количини и вредности на загубите во поглед на хемиските и физичките својства на стоката преку кало, растур, кршење, расипување и евапорација во работењето со стоковните резерви („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/10 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 175/21) во член 3 ставот 3 се менува и гласи:
„За складираните количини на пченица и јачмен кај складиштари кои немаат млин за преработка, се признава кало и растур во висина од 0,5% од просечната складирана количина, за период на чување од една година.“
Член 2
Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3328/1 Прв заменик на претседателот
12 април 2022 година на Владата на Република Северна Македонија, Скопје д-р Artan Grubi, с.р