Врз основа на член 90 став (3) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ПОДДРШКАТА ОД МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ И ВИСИНАТА НА ПОДДРШКАТА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ ПО КОРИСНИК ЗА ПОЕДИНЕЧНА МЕРКА
Член 1
Во Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Република Македонија” бр. 124/11, 80/13, 72/14, 88/15, 35/16, 59/16, 178/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 77/19,214/19 и 276/21) во насловот зборовите „ прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци“ се заменуваат со зборовите „прифатливите трошоци, висината на вредноста на прифатливите трошоци, како и висината на поддршката“.
Член 2
Во членот 2 став (1) точка 1) во алинејата 4 по зборовите „пчелни матици“ се додаваат зборовите „и пчелни роеви“.
По алинејата 4 се додаваат три нови алинеи 5, 6 и 7 кои гласат:
„ - инвестиции за набавка на земјоделска механизација и опрема (трактори, комбајни и приклучна механизација);
- инвестиции во мандри: минимум 150 грла овци и 50 грла кози;
- инвестиции во силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, `рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони и“.
Член 3
Во членот 2-б во ставот (4) во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со зборовите „и/или“.
Во алинејата 2 точката на крајот од реченицата се заменува со зборовите „и/или“.
По алинејата 2 се додава нова алинеја 3 која гласи:
„- минимум 0,5 ха за производствен капацитет на тутун.”.
Ставот (6) се брише.
Член 4
Во членот 5 став (1) точка в) по алинејата 2 се додаваат две нови алинеи 3 и 4 кои гласат:
„- мобилни сушари за ориз;
- водени топови и распрскувачи;”.
Во точката д) во алинејата 2 по зборовите „пчелни матици“ се додаваат зборовите „и пчелни роеви“.
Во точката ѓ) во алинејата 3 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
Во алинејата 4 точката на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 4 се додаваат три нови алинеи 5, 6 и 7 кои гласат:
- „изградба, реконструкција и адаптација на објекти за преработка во сточарството;
- набавка на опрема во објекти за преработка во сточарството и
- набавка и конструкција на силоси во сточарството.“.
Во ставот (2) во алинејата 1 износот „2.500.000“ се заменува со износот „6.000.000“.
Во алинејата 8 по зборовите „пчелни матици“ се додаваат зборовите „и пчелни роеви“.
Во алинејата 10 износот „1.800.000“ се заменува со износот „6.000.000“, а сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка. Во алинејата 11 точката на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 11 се додаваат две нови алинеи 12 и 13 кои гласат:
„- до 600.000 денари за инвестиции за изградба на мандри и - до 1.000.000 денари за инвестиции за набавка и конструкција на силоси во сточарството.“
Член 5
Прилогот – „Максимална прифатлива моќност на земјоделската механизација и опрема“ се брише.
Член 6
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр.14-4694/1 Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
11 април 2022 година Љупчо Николовски, с.р.
Скопје