„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗБНП) 2022/266 НА СОВЕТОТ ОД 23 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ОБЛАСТИТЕ ДОНЕЦК И ЛУГАНСК ВО УКРАИНА КОИ НЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА НА ВЛАДАТА И НАРЕДБАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РУСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ ВО ТИЕ ОБЛАСТИ И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 2022/263 НА СОВЕТОТ ОД 23 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.79 ОД 30.3.2022 ГОДИНА)

04.04.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 7 став (1) од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија” бр. 190/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗБНП) 2022/266 НА СОВЕТОТ ОД 23 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ОБЛАСТИТЕ ДОНЕЦК И ЛУГАНСК ВО УКРАИНА КОИ НЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА НА ВЛАДАТА И НАРЕДБАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РУСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ ВО ТИЕ ОБЛАСТИ И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 2022/263 НА СОВЕТОТ ОД 23 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ОБЛАСТИТЕ ДОНЕЦК И ЛУГАНСК ВО УКРАИНА КОИ НЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА НА ВЛАДАТА И НАРЕДБАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РУСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ ВО ТИЕ ОБЛАСТИ
Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗБНП) 2022/266 на Советот од 23 февруари 2022 година за рестриктивни мерки како одговор на признавањето на областите Донецк и Луганск во Украина кои не се под контрола на владата и наредбата за распоредување на руските вооружени сили во тие области и Регулативата (ЕУ) 2022/263 на Советот од 23 февруари 2022 година за рестриктивни мерки како одговор на признавањето на областите Донецк и Луганск во Украина кои не се под контрола на владата и наредбата за распоредување на руските вооружени сили во тие области.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- ембарго на стоки и услуги;
- финансиски мерки;
- други мерки согласно со меѓународното право.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање Министерство за финансии - Царинска управа, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за одбрана и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката (ЗБНП) 2022/266 на Советот од 23 февруари 2022 година за рестриктивни мерки како одговор на признавањето на областите Донецк и Луганск во Украина кои не се под контрола на владата и наредбата за распоредување на руските вооружени сили во тие области и Регулативата (ЕУ) 2022/263 на Советот од 23 февруари 2022 година за рестриктивни мерки како одговор на признавањето на областите Донецк и Луганск во Украина кои не се под контрола на владата и наредбата за распоредување на руските вооружени сили во тие области, во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки од член 2 од оваа одлука се применуваат до 23 јуни 2022 година.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2718/1                                                                      Прв заменик на претседателот
22 март 2022 година                                           на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                         д-р Artan Grubi, с.р