„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА 2014/119/ЗНБП НА СОВЕТОТ ОД 5 МАРТ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ ЛИЦА, СУБЈЕКТИ И ТЕЛА ВО ОДНОС НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 208/2014 НА СОВЕТОТ ОД 5 МАРТ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ ЛИЦА, СУБЈЕКТИ И ТЕЛА ВО ОДНОС НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.79 ОД 30.3.2022 ГОДИНА)

01.04.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 7 став (1) од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија” бр. 190/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА 2014/119/ЗНБП НА СОВЕТОТ ОД 5 МАРТ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ ЛИЦА, СУБЈЕКТИ И ТЕЛА ВО ОДНОС НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 208/2014 НА СОВЕТОТ ОД 5 МАРТ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ ЛИЦА, СУБЈЕКТИ И ТЕЛА ВО ОДНОС НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА
Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката 2014/119/ЗНБП на Советот од 5 март 2014 година за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во однос на состојбата во Украина и Регулативата (ЕУ) 208/2014 на Советот од 5 март 2014 година за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во однос на состојбата во Украина.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- финансиски мерки.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање Министерство за економија и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката 2014/119/ЗНБП на Советот од 5 март 2014 година за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во однос на состојбата во Украина и Регулативата (ЕУ) 208/2014 на Советот од 5 март 2014 година за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во однос на состојбата во Украина, во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки од член 2 од оваа одлука се воведуваат на неопределено време.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 41-2717/1                                                                   Прв заменик на претседателот
22 март 2022 година                                         на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                          д-р Artan Grubi, с.р.