„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА 2014/386/ЗНБП НА СОВЕТОТ ОД 23 ЈУНИ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА НЕЛЕГАЛНАТА АНЕКСИЈА НА КРИМ И СЕВАСТОПОЛ И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 692/2014 НА СОВЕТОТ ОД 23 ЈУНИ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА НЕЛЕГАЛНАТА АНЕКСИЈА НА КРИМ И СЕВАСТОПОЛ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР. 79 ОД 30.3.2022 ГОДИНА)

01.04.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 7 став (1) од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 190/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА 2014/386/ЗНБП НА СОВЕТОТ ОД 23 ЈУНИ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА НЕЛЕГАЛНАТА АНЕКСИЈА НА КРИМ И СЕВАСТОПОЛ И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 692/2014 НА СОВЕТОТ ОД 23 ЈУНИ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА НЕЛЕГАЛНАТА АНЕКСИЈА НА КРИМ И СЕВАСТОПОЛ
Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката 2014/386/ЗНБП на Советот од 23 јуни 2014 година за рестриктивни мерки како одговор на нелегалната анексија на Крим и Севастопол и Регулативата (ЕУ) 692/2014 на Советот од 23 јуни 2014 година за рестриктивни мерки како одговор на нелегалната анексија на Крим и Севастопол.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- ембарго на стоки и услуги;
- финансиски мерки;
- други мерки согласно со меѓународното право.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање, Министерство за финансии - Царинска управа, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за одбрана и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката 2014/386/ЗНБП на Советот од 23 јуни 2014 година за рестриктивни мерки како одговор на нелегалната анексија на Крим и Севастопол и Регулативата (ЕУ) 692/2014 на Советот од 23 јуни 2014 година за рестриктивни мерки како одговор на нелегалната анексија на Крим и Севастопол, во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки од член 2 од оваа одлука се применуваат до 23 јуни 2022 година.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 41-2671/1                                                                                 Прв заменик на претседателот
22 март 2022 година                                                    на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                 д-р Artan Grubi, с.р.