„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗНБП) 2022/376 НА СОВЕТОТ ОД 3 МАРТ 2022 ГОДИНА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2014/119/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ ЛИЦА, СУБЈЕКТИ И ТЕЛА ВО ПОГЛЕД НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.79 ОД 30.3.2022 ГОДИНА)

01.04.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 7 став (1) од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 190/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗНБП) 2022/376 НА СОВЕТОТ ОД 3 МАРТ 2022 ГОДИНА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2014/119/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ ЛИЦА, СУБЈЕКТИ И ТЕЛА ВО ПОГЛЕД НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА
Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/376 на Советот од 3 март 2022 година за изменување на Одлуката 2014/119/ЗНБП за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во поглед на состојбата во Украина.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- финансиски мерки.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање, Министерство за економија и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката (ЗНБП) 2022/376 на Советот од 3 март 2022 година за изменување на Одлуката 2014/119/ЗНБП за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во поглед на состојбата во Украина, во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик е дадена во прилог и е составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки од член 2 од оваа одлука во однос на лицата под реден број 2, 6 и 12 од Анексот на Одлуката (ЗНБП) 2022/376 на Советот од 3 март 2022 година за изменување на Одлуката 2014/119/ЗНБП за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во поглед на состојбата во Украина мерките, ќе се применуваат до 6 март 2023 година.
Рестриктивните мерки од член 2 од оваа одлука во однос на лицата под реден број 1, 3, 7 и 9 од Анексот на Одлуката (ЗНБП) 2022/376 на Советот од 3 март 2022 година за изменување на Одлуката 2014/119/ЗНБП за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во поглед на состојбата во Украина мерките, ќе се применуваат до 6 септември 2022 година.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2670/1                                                                         Прв заменик на претседателот
22 март 2022 година                                               на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                 д-р Artan Grubi, с.р.