„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.07.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со донесување на Законот за внатрешни работи ќе се овозможи остварување на законски утврдените цели на Министерството за: - остварување на системот на јавна безбедност; - спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Северна Македонија; - заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните; - спречување на разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост; - спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и фаќање на нивните сторители и преземање на други со закон определени мерки за гонење на сторителите на тие дела; - граѓански работи и - други работи утврдени со овој и посебен закон. Со Предлогот на закон за внатрешни работи се уредуваат внатрешните работи, општите начела за работниците во Министерството за внатрешни работи (во натамошниот текст: Министерството), организацијата и надлежноста на Министерството, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството, класификацијата на работните места во Министерството, соработката, контролата на вршење на работите во Министерството, правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството, материјалната одговорност, односно надоместокот на штета и дисциплинската одговорност на 6 работниците во Министерството, како и обработката на лични податоци и други податоци и евиденции што се водат во Министерството. Предложениот закон се заснова на начелата на законитост, соодветна и правична застапеност, управување со ефектот на работниците, професионална етика, непристрасност и објективност, транспарентност и доверливост, одговорност, спречување судир на интереси, економично користење на средства.