„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ЗА 2022 ГОДИНА СО ИНДИКАТИВНО ПЛАНИРАНИ СРЕДСТВА ЗА 2023 ГОДИНА

30.03.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 47 став 2 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 287/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 8 март 2022 година, донесе
ПРОГРАМА
ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ЗА 2022 ГОДИНА СО ИНДИКАТИВНО ПЛАНИРАНИ СРЕДСТВА ЗА 2023 ГОДИНА
Член 1
Со оваа програма се уредува распределбата на утврдените и индикативно планираните средства за поттикнување рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија, во вкупен износ од 1.254.000.000 денари, во Раздел 280.01 - Биро за регионален развој, Потпрограма ОА - Рамномерен регионален развој, ставка 488 - Капитални дотации до единиците за локална самоуправа.
Член 2
Средствата од член 1 од оваа програма во износ од 594.000.000 денари се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, а индикативно средствата во износ од 660.000.000 денари се планираат во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година. Средствата ќе се користат за следните намени според Табелата:
https://www.mchamber.mk/upload/Slika1_80166_2.png
Член 3
Средствата од член 2 точка 1 потточки 1.1, 1.2, 1.3 1.4, 1.5 и 1.6 од оваа програма ќе се користат за финансирање на активности за поттикнување рамномерен регионален развој во 2022 година и индикативно за 2023 година.
Член 4
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.1 од оваа програма во износ од 422.408.695 денари ќе се користат за финансирање на проекти за развој на планските региони, врз основа на предложени проекти од советите за развој на планските региони.
Член 5
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.2 од оваа програма во износ од 115.202.372 денари ќе се користат за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби, согласно член 53 од Законот за рамномерен регионален развој.
Член 6
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.3 од оваа програма во износ од 115.202.372 денари ќе се користат за финансирање на проекти за развој на селата.
За користење на средствата од став 1 на овој член, единиците на локалната самоуправа со седиште во град, треба да обезбедат учество од 50% од вредноста на одобрените проекти за развој на селата во нивни состав.
Единиците на локалната самоуправа со седиште во село нема да ги кофинансираат одобрените проекти.
Член 7
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.4 од оваа програма во износ од 115.202.372 денари ќе се користат за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја, согласно член 53 од Законот за рамномерен регионален развој.
Член 8
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.5 од Табелата од оваа програма во износ од 500.000 денари ќе се користат за исплата на придонесите за пензиско-инвалидско и здравствено осигурување за лицата кои имаат стекнато право на плаќање заклучно со 31 декември 2007 година, согласно член 87 од Законот за рамномерен регионален развој и истите продолжуваат да го користат до остварувањето на правото на пензија согласно закон.
Член 9
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.6 од оваа програма во износ од 485.484.189 денари ќе се користат за финансирање на неизмирени обврски од 2021 година за активности кои беа предвидени во Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 53/21 и 84/21).
Член 10
Средствата од член 2 точка 1 потточки 1.1, 1.2, 1.3 1.4, 1.5 и 1.6 од оваа програма ќе се одобруваат согласно утврдените принципи, цели и приоритети на регионалниот развој во Република Северна Македонија и дефинираните мерки, инструменти и финансиски и други средства за нивна реализација, утврдени со Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија, Програмата за развој на планските региони, стратешките документи на единиците на локалната самоуправа и подзаконските акти за спроведување на Законот за рамномерен регионален развој.
Член 11
Следење на користењето на средствата од член 2 точка 1 потточки 1.1, 1.2, 1.3 1.4, 1.5 и 1.6 од оваа програма врши Бирото за регионален развој.
Член 12
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-1101/1                                                                          Прв заменик на претседателот
8 март 2022 година                                                   на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                    д-р Artan Grubi, с.р.