„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за стоковните резерви, по скратена постапка

17.06.2025

 Предлагач: Група пратеници

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предложениот закон се заснова на истите начела и решенија на кои се заснова и Законот за стоковните резерви. Основна цел на Предлогот на законот е да се овозможи Владата да има законско овластување да донесе посебна одлука за секој одделен откуп во која ќе ги утврди количините на земјоделскиот производ што сака да ги откупи и откупната цена, како и други услови кои се релевантни во конкретниот случај, како и да има право откупот да го врши директно од производителите.