„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.06.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
I.ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Согласно Извадокот од Нацрт-записникот од Седмата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 24 јули 2025 година под Точка 5 го усвојува Записникот од Четвртата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи при што Владата заклучува да формира работна група со претставници од засегнати институции и да отпочне процес на итна трансформација на сиситемот за управување со кризи. Во рамки на процесот за трансформација на системот за управување со кризи, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага да се избришат обредби од Законот за шумите кои се однесуваат на планирање поради заштита од пожари и да се доуреди неуреденото шумско земјиште кое не е опфатено со посебните планови за стопанисување со шумите.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Одредбите од Законот за шумите од глава III-а, од неговото донесување до ден денес се нефункционални и неприменливи. Поради постоење на одредби во Законот за шумите каде се уредени превентивните мерки за заштита на шумите од пожари и истите мерки се опфатени во посебните планови за стопанисување со шуми кои се со важност од 10 години, а се однесуват на превентивни, пресупресивни и супресивни мерки за заштита од пожари се предлага бришење на овие членови. Бидејќи истите се опфатени во посебните планови за стопанисување со шуми кои се донесуваат согласно член 29 и член 30 од овој закон, евидентна е потребата од укинување на одредби од Законот за шумте од глава III-а каде истите ќе се избришат, со што ќе се укине законската обврска од носење Национална програма и Национален комитет, а управувањето со пожари на отворен простор во некризна состојба е веќе регулирано во Оперативните годишни планови за заштита на шумите од пожари на ниво на субјекти кои стопанисуваат и управуват со државните шуми. Со измените се опфаќат и се доуредуват постапките за заштита уредување на неуредените шуми и шумско земјиште со цел да добијат правна рамка и промена на катастерската култура согласно утврдена фактичка состојба на обраснатост на земјиштето со шумски видови дрвја.