ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 7 став (1) од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија” бр. 190/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 15 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА 2014/145/ЗНБП НА СОВЕТОТ ОД 17 МАРТ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА КОИ ГО ПОТКОПУВААТ ИЛИ ЗАГРОЗУВААТ ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, СУВЕРЕНИТЕТ И НЕЗАВИСНОСТА НА УКРАИНА И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 269/2014 НА СОВЕТОТ ОД 17 МАРТ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА КОИ ГО ПОТКОПУВААТ ИЛИ ЗАГРОЗУВААТ ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, СУВЕРЕНИТЕТ И НЕЗАВИСНОСТА НА УКРАИНА
Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката 2014/145/ЗНБП на Советот од 17 март 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина и Регулативата 269/2014 на Советот (ЕУ) од 17 март 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- финансиски мерки и
- забрана за влез во Република Северна Македонија.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање, Министерство за економија и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката 2014/145/ЗНБП на Советот од 17 март 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина и Регулативата (ЕУ) 269/2014 на Советот од 17 март 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина, во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки од член 2 од оваа одлука се воведуваат на неопределено време.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2354/1 Прв заменик на претседателот
15 март 2022 година на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Artan Grubi, с.р.