„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗНБП) 2022/264 НА СОВЕТОТ ОД 23 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2014/512/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА НА РУСИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА И РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) 2022/262 НА СОВЕТОТ ОД 23 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) БР. 833/2014 ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА НА РУСИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА

20.03.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 7 став (1) од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија” бр. 190/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 8 март 2022 година, донесе
Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/327 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Одлуката 2014/512/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина и Регулативата (ЕУ) 2022/328 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 833/2014 за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина.
Член 2
Оваа oдлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
  • финансиски мерки;
  • ембарго на стоки и услуги;
  • ембарго на оружје.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање, Министерство за финансии - Царинска управа, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за одбрана и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката (ЗНБП) 2022/327 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Одлуката 2014/512/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина и Регулативата (ЕУ) 2022/328 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 833/2014 за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина, во оригинална англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки ќе се применуваат до 31 јули 2022 година.
 
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-2108/1                                                                                                                     Претседател на Владата
8 март 2022 година                                                                                              на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                                                д-р Димитар Ковачевски, с.р.