ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА 2014/512/ЗНБП НА СОВЕТОТ ОД 31 ЈУЛИ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА НА РУСИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА И РЕГУЛАТИВАТА НА СОВЕТОТ (ЕУ) 833/2014 ОД 31 ЈУЛИ 2014 ГОДИНА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА НА РУСИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА
Член 1
Со оваа одлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката 2014/512/ЗНБП на Советот од 31 јули 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина и Регулативата на Советот (ЕУ) 833/2014 од 31 јули 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- финансиски мерки;
- ембарго на стоки и услуги;
- ембарго на оружје.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање и Министерство за финансии - Царинска управа, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за одбрана и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката 2014/512/ЗНБП на Советот од 31 јули 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина и Регулативата на Советот (ЕУ) 833/2014 од 31 јули 2014 година за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина, во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки се применуваат на неопределено време.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2112/1 Претседател на Владата на
8 март 2022 година Република Северна Македонија,
Скопје
д-р Димитар Ковачевски, с.р.