МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на член 98 став (3) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија, донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ЗАТВОРЕНИ ИНСТАЛАЦИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на затворени инсталации за управување со отпад.
Член 2
Регистарот на затворени инсталации за управување со отпад се води во хартиена и електронска форма, при што кога се води во хартиена форма Регистарот е во вид на книга со тврд повез во темно зелена боја во А4 формат со поврзани и нумерирани евиденциски листови на бела хартија.
На првата страна на книгата е аплициран грбот на Република Северна Македонија и под него стои натпис „Република Северна Македонија, Министерство за економија”, а на средината стои натпис „Регистар на затворени инсталации за управување со отпад”. Натписите се со бела боја.
Член 3
Евиденциските листови од членот 2 став 1 од овој правилник ги содржат следните податоци:
- реден број и страна;
- назив на локалитетот и општина/општини во која/кои се наоѓа инсталацијата за управување со отпад;
- примарна дејност на рудникот во кој се наоѓа инсталацијата за управување со отпад (вид на минерална суровина и начин на експлоатација);
- податоци за сопственост на инсталацијата за управување со отпад;
- податоци за сопственост на рудникот во кој се наоѓа инсталацијата за управување со отпад (да се наведе број на договор за концесија, дозвола за експлоатација и друго);
- дали е затворена или напуштена инсталацијата за управување со отпад;
- дали е извршена истрага или проценка на ризик за инсталацијата за управување со отпад (доколу е извршена, да се упати на изготвените извештаи и наоди);
- граници на просторот (координати) на инсталацијата за отпад и
- други специфични податоци.
Формата и содржината на Регистарот на затворени инсталации за управување со отпад е дадена во Прилог кој е составен дел на овој правилник.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 24-1024/1
25 февруари 2022 година Министер за економија,
Скопје Kreshnik Bekteshi, с.р.