„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ И СОДРЖИНАТА НА ПРЕСМЕТКАТА НА ЕКСПЛОАТИРАНИТЕ КОЛИЧИНИ НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.51 ОД 9.3.2022 ГОДИНА)

12.03.2022

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Врз основа на член 65 став (2) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија, донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ И СОДРЖИНАТА НА ПРЕСМЕТКАТА НА ЕКСПЛОАТИРАНИТЕ КОЛИЧИНИ НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот на доставување и содржината на пресметката на експлоатираните количини на минерални суровини во тековната година.
Член 2
Пресметката на експлоатираните количини на минерални суровини во тековната година се доставува на евиденциски лист во А4 формат во хартиена и електронска форма.
Пресметката од став 1 од овој член содржи:
1) Вкупни резерви на минерални суровини по категории дадени во ревидираниот Елаборат од извршените детални геолошки истражувања;
2) Состојба со резервите на минерални суровини на крајот од претходната година;
3) Вкупно експлоатирани резерви на минерални суровини во тековната година (m3 и во t) од кои посебно за раскривка (јаловина), корисна минерална суровина и продадена минерална суровина и
4) Хемиски состав - средногодишен квалитет на минералните суровини предмет на експлоатација.
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 24-1020/1    
25 февруари 2022 година                                                                                          Министер за економија,
Скопје                                                                                                                           Kreshnik Bekteshi, с.р.