„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
04.04.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со донесување и примена на законот се очекува да се постигнат следните цели: 1. сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите; 2. ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, заснован на начелата на недискриминација, објективност и транспарентност, кој што обезбедува високо ниво на сигурност и квалитет во снабдувањето со енергија; 3. зајакнување и унапредување на правата на потрошувачите и нивна активна улога на пазарите на енергија; 4. исполнување на обврските за обезбедување на јавна услуга, како и заштита на правата и интересите на корисниците на енергетските системи; 5. заштита на правата на потрошувачите на енергија, особено на ранливите потрошувачи; 6. безбедно, сигурно и ефикасно функционирање, одржување и развој на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас, како и системите за дистрибуција на топлинска енергија заради обезбедување на високо ниво на услуги за потребите на корисниците на овие системи; 7.подготвеност на енергетскиот сектор за справување со кризи; 8.примена на воспоставени меѓународно усогласени правила за прекугранична размена на електрична енергија и гас, како и соработка на операторите на системите за пренос на електрична енергија и на гас и номинираниот оператор на организираниот пазар на електрична енергија со соодветните оператори од другите држави во рамки на организираните облици на соработка на операторите; 9.учество и поврзување со регионалните и европските пазари на електрична енергија и гас во согласност со правата и обврските коишто произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори; 10. соработка со другите договорни страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија заради спречување, подготовка и управување со кризни состојби во снабдувањето со електрична енергија и гас заснована на начелата на солидарност, транспарентност, недискриминација и конкурентност; 11.сопственичко раздвојување на електропреносниот систем и на системот за пренос на гас; 12. заштита на животната средина и ублажување на климатските промени од негативните влијанија при вршењето на енергетските дејности. Заради постигнување на енергетски ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, во условите и постапките уредени со овој закон се применуваат начелата на недискриминација, објективност и транспарентност. Основните решенија содржани во предлогот на закон се: 1. усогласување со законодавниот Пакет на Европската Унија за чиста енергија, кој може да ја постигне целта само со транспонирање на одредбите од регулативите и директивите во овој предлог закон, со кој ќе се даде правен основ за уредување на дел од одредбите во подзаконски акти; 2. интервенции во цени преку кои Владата со одлука ќе го задолжува универзалниот снабдувач да ги снабдува домаќинствата кои спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи и малите потрошувачите, по цени кои се пониски од применливите цени за период не подолг од една година; 3. за категоријата ранливи потрошувачи предвидено е определување на финансиски мерки со годишна програма која на предлог на Министерството ја носи Владата; 4. се утврдува нова енергетска политика со која преку процес на стратешко планирање ќе се овозможи сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со сите видови енергија, стабилност, конкурентност и економска функционалност на енергетскиот сектор, ефикасно обезбедување на услугите и заштита и унапредување на правата на потрошувачите, намалување на енергетската сиромаштија и заштита на ранливи потрошувачи, интеграција на пазарите на енергија во регионалните и меѓународните пазари, користење на енергетските извори на начин што обезбедува одржлив енергетски развој, унапредување на енергетската ефикасност, намалување на користењето на фосилни горива за производство на енергија, заштита на јавното здравје, животната средина и ублажување на климатските промени од штетните влијанија кои произлегуваат од вршењето на енергетските дејности, исполнување на обврските кои произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори и други цели. Енергетската политика ќе се спроведува преку имплементација на следниве стратешки документи: 4.1.Стратегија за развој на енергетиката, која на предлог на Министерството, ја носи Владата; 4.2.Интегриран национален план за енергија и клима, кој се подготвува во постапка на јавни консултации и учество на засегнати страни и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и се доставува до Секретаријатот на енергетската заедница на мислење, а се носи за период од најмалку десет години, со проекција за дополнителни 20 години; 4.3. индикативен плански документ- Плански енергетски биланс со кој се определуваат вкупните потреби од енергија и потребите на одредени видови на енергија,можностите за задоволувањена домашно производство и увоз за период од една година и факторот на емисии на стакленички гасови за произведен MWh; 4.4.Акцискиот план за спроведување на Интегрираниот национален план за енергија и клима и 4.5. општинските енергетски планови, кои ги изработуваат единиците на локалната самоуправа во соработка со Министерството;