МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на член 78 став (11) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКА И СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗНАЧИТЕЛНИ ОПАСНОСТИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот на изработка и содржината на Програмата за спречување на значителни опасности.
Член 2
Програмата за спречување на значителни опасности (во понатамошниот текст: Програмата) ги содржи следните поглавја:
1) Цели на Програмата;
2) Надлежности на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа при спречување на значителни опасности;
3) Структура на Програмата;
4) Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи;
5) Општи карактеристики и технички опис на објектите;
6) Идентификација на можните опасности и тоа:
- опасност од земјотреси и урнатини,
- опасност од поплави и уривање на големи брани,
- опасност од снежни наноси, голомразици и лавини,
- опасност од пожари и експлозии,
- пожарна оптовареност,
- опасност од свлечишта и лизгање на земјиштето и
- опасност од техничко-технолошки несреќи (повреди при работа);
7) Процена на ризикот од потенцијална вонредна состојба и тоа:
- евакуација,
- засолнување на вработените и материјалните добра,
- заштита и спасување од урнатини,
- заштита и спасување од пожари и експлозии,
- заштита и спасување во случај на опасност од рушење на јаловишната брана прва медицинска помош,
- процедури за повторен влез во објектите (јама и јаловиште) за време или по вонредната состојба,
- потреби и можности за организација и раководење со заштитата и спасувањето и организирање на службите за заштита и спасување,
- оспособеност на службите за заштита и спасување и
- материјални и други можности за понатамошно подигање на степенот на оспособеност за реализација на мерките, задачите и активностите за заштитата и спасувањето.
Член 3
Програмата се изработува во хартиена и електронска форма.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 24-1018/1
25 февруари 2022 година Министер за економија,
Скопје Kreshnik Bekteshi, с.р.