ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 24-г став (2), од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/99, 86/99, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 124/19, 275/19, 267/20, 163/21 и 57/22) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ НА ДОБРАТА И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ВО ЗЕМЈАТА СО ПРАВО НА ОДБИВКА НА ПРЕТХОДНИОТ ДАНОК
Член 1
Со оваа одлука поблиску се определува видот на производите за човечка исхрана кои се ослободени од данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок, како и временскиот период на ослободувањето од плаќање на данокот на додадена вредност во услови на постоење на можност од настанување на пореметување во снабдувањето на населението.
Член 2
(1) Производите за човечка исхрана кои се ослободени од данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок се распоредени во следниве тарифни броеви/подброеви/ознаки/глави од Царинската тарифа:
Ред бр. |
Глава/тарифен број/подброј/ознака |
Наименување на стоките според Номенклатурата на царинската тарифа |
(1) |
(2) |
(3) |
1. |
1905 90 30 00 |
Леб без содржина на додаден мед, јајца, сирење или овошје и со содржина во сува состојба на шеќер не поголема од 5% по маса и на маснотии не поголема од 5% по маса |
2. |
1701 99 10 00 |
Бел шеќер |
3. |
Ех.1101 |
Брашно од пченица или наполица
*тип 400 |
4. |
1512 19 90 00 |
Масло од сончоглед или шафраника и нивни фракции:
Друго: Друго |
5. |
Ех. 0401 20 |
Млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер и други материи за засладување: со содржина на маснотија што надминува 1% но не надминува 6% по маса
* кравјо млеко со маснотии 2%, 3,2% и 3,5% |
6. |
Глава 2 |
Месо и други кланични производи за јадење |
7. |
Ех.1006 30 |
Ориз полубланширан или полубланширан, полиран или неполиран или глазиран
*бел ориз |
8. |
0407 21 00 00 |
Други свежи јајца од живина од видот Gallus domesticuc |
НАПОМЕНА:
Основни правила за употреба на табелите по однос на распоредувањето на стоките/добрата според царинската номенклатура, на кои стоки/добра се применува ослободување од данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок:
Ако пред тарифен број/тарифен под број/тарифна ознака/глава, во втората колона од табелите од став (1) на овој член не е наведена ознаката „ех", тогаш за сите стоки/добра кои согласно Законот за царинската тарифа се распоредуваат во тој/таа тарифен број/тарифен под број/тарифна ознака/глава се применува ослободување од данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок во смисла на член 24-г став (1) од Законот за данокот на додадена вредност.
Ако пред тарифен број/тарифен под број/тарифна ознака/глава, во втората колона од табелите е наведена ознаката "ех",тогаш ослободувањето од данок на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок во смисла на член 24-г став (1) од Законот за данокот на додадена вредност, нема да се применува за сите стоки/добра кои согласно Законот за царинската тарифа се распоредуваат во тој тарифен број/тарифен подброј/тарифна ознака/глава, туку ослободувањето од данок на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок, ќе се применува само за оние стоки/добра од тарифен број/тарифен подброј/тарифна ознака/глава кои се во согласност со текстот кој што е наведен во третата колона од табелата пред кои има симбол „*“.
Член 3
Со денот на отпочнување со примената на оваа одлука се до 31 мај 2022 година нема да се применуваат одредбите од член 2 став (1) точка 1 од Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 293/21) кои се однесуваат на производите за човечка исхрана утврдени во член 2 на оваа одлука.
Член 4
Оваа одлука ќе се применува од 17 март до 31 мај 2022 година.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2230/1 Претседател на Владата
12 март 2022 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.