„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА ОДДЕЛНИ СТОКИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР. 55 ОД 10.3.2022 ГОДИНА)

11.03.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21 и 295/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 10 март 2022 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
Член 1
Со оваа одлука се ограничува извозот на одделни стоки со следните тарифни ознаки:
Тарифна ознака Опис
1001 Пченица и наполица
1003 Јачмен 
1005 Пченка
1101 00 Брашно од пченица и наполица
1206 00 Семе од сончоглед, вклучувајќи кршено и дробено
1512
1512 11 91 00
Масла од семе од сончоглед, шафраника или памуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени но хемиски немодификувани 
--- Од сончоглед

Член 2
Ограничувањето на извозот од член 1 од оваа одлука ќе се применува до 20 март 2022 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 41-2182/1                                                                           Претседател на Владата
10 март 2022 година                                                        на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                   д-р Димитар Ковачевски, с.р.