„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР. 39 ОД 22.02.2022)

23.02.2022

 Со Законот за изменување на Законот за Царинска тарифа се врши намалување на царинските стапки на 258 суровини и производи кои не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз на ниво на царинските стапки за овие производи во примена во Европската унија. Целта е да се подобри конкурентноста на домашните компании и да има поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, а се реализира и Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на COVID -19.
Законот врши намалување на царинските стапки до нивото на царинските стапки кој важат во Европската унија, во насока на поголема усогласеност со Царинската тарифа на Европската унија, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската Трговска Организација. Царинските стапки се однесуваат на поголем број на стоки, кои како суровини или репроматеријали се користат во технолошко напредното производство, односно одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи со цел да  се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија,  да се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои во 2020 година забележаа сериозен пад во индустриското производство. 
Исто така се намалува царинската стапка за природен гас со цел поддршка на комапниите и индустријата, со влијание на поголема ценовна стабилност и поттикнување на промена на користењето на енергенските од тврди енергенси кон енегренси кои помалку загадуваат.