„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка

19.12.2024

 Предлагач е Владата на РСМ

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со донесување на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во начинот на функционирањето на Министерството за економија и труд и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, подобрување на квалитетот и ефикасноста во спроведувањето на надлежностите од страна на овие две министерства, како и оптимизација на човековите капацитети . Според Предлог на законот, Министерството за економија и труд ќе продолжи и понатаму да ги спроведува надлежностите во областа трговија на внатрешниот пазар, како и мерките на ограничување на вршење на трговијата, додека пак Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе започне да спроведува активности, согласно новододелените надлежности во трговијата на надворешниот пазар, мерките на ограничување на вршење на трговијата, како и заштитните мерки. Истовремено, со дигитализација на процесите во рамки на Министерството за економија и труд, односно Државниот пазарен инспекторат и единиците на локална самоуправа се очекува зголемување на нивната оперативна ефикасност, преку поедноставување, забрзување и следливост на постапките за издавање лиценци за продажба на алкохолни пијалоци во трговијата на мало, како и нивно известување за исполнетост на минимално техничките услови за вршење трговија. Дигитализацијата на овие процеси исто така се очекува да има позтивни ефекти и кај трговците, кои ги користат услугите на Министерството за економијаи труд, предвидени со Законот за трговија. За таа цел, се предлга да се користи Националниот портал за електронски услуги или Националната платформа за интероперабилност, односно електронските адреси на надлежните институции во случај на технички прекин на функционалноста на Националниот портал за електронски услуги.