Со членот 1 од Предлогот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка се предлага да се избришe одредбата од точката 5-а) од членот 9 од Законот, со што целиот износ на трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените ќе има третман на непризнаени расходи. Исто така се предлага да се избрише точката 10-а) од истиот член со која беше уредено дека трошоците за донациите во спортот согласно членот 30-а од законот претставуваат непризнаени расходи за целите на данокот на добивка.
Со членот 2 се предлагаат измени на членот 12-а од Законот согласно кои ќе се укине обврската на обврзниците за задолжително поднесување на извештаите за трансферни цени до Управата за јавни приходи најдоцна до 30 септември во тековната година. Наместо тоа, се предлага обврзниците да ги изготват и чуваат извештаите за трансферни цени и да ги достават до Управата за јавни приходи само
доколку Управата со писмено барање го побара тоа од нив. Имено, се предлага обврзниците да ги достават извештаите за трансферни цени во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото барање од Управата за јавни приходи, која може да го достави барање до даночниот обврзник по истекот на по
истекот на 30 дена од рокот за поднесување на даночен биланс.
Со членот 3 се предлага измена на членот 17-а став 2 од Законот којашто е од технички карактер.
Со членот 4 се предлага дополнување на членот 28 во насока на предвидување на обврска за плаќање на петкратен износ на данокот во случаите кога даночниот обврзник документирано не докаже дека даночното ослободување го искористил за вложувања во материјални средства и во нематеријални
средства за проширување на дејноста, како и доколку не го утврди данокот согласно членот 39 од Законот.
Со членот 5 се предлага да се избрише членот 30-а од Законот, односно да се укине правото на даночните обврзници за намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средста на спортски субјекти, најмногу до 50% од пресметаниот данок.
Со членот 6 се предлага да се избрише членот 32 од Законот, односно да се укине постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари.
Со членовите 7, 8 и 9 се предлагаат измени на законските одредби во согласност со предложеното бришење на членот 32 од Законот со кој беше пропишано ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари.
Со членот 10 се предлагаат измени во членот 39 од Законот во согласнот со предложеното бришење на членот 30-а од Законот. Дополнително со ставот 5 се предвидува даночните обврзници кои изготвуваат и чуваат извештај за трансферни цени согласно членот 12-а од овој закон да имаат обврска кон образецот „ДБ“- даночен биланс за оданочување на добивката, да достават Прилог со податоци за трансакции меѓу
поврзани лица „П/ТЦ.“
Со членот 11 се предлагаат измени во членот 40 од Законот во согласнот со предложеното бришење на членот 30-а од Законот.
Со членот 12 се предлага измена на одредбите од членот 46 која е во согласност со предложените измени во делот на доставувањето на извештаите за трансферни цени во пропишаниот рок по претходно барање од страна на Управата за јавни приходи.
Со членот 13 се предлага целокупниот текст на Законот да се усогласи со уставното име на државата.
Со членот 14 се предлага одредбите од членот 12-а од постојниот Закон кои се однесуваат на обврската за поднесување на извештај за трансферни цени да се применуваат за деловната 2022 година.
Со ченот 15 се предлага во случаите кога ќе престанат условите за користење на даночното ослободување од членот 30-а од постојниот Закон, данокот на добивка да се утврдува и плаќа врз основа на образецот „ДД-ДО“, кој се доставува до Управата за јавни приходи во рок 30 дена од денот на престанување на условите за даночното ослободување.
Членот 16 го уредува влегувањето во сила на законот.
Целосниот текст на предлог законот е достапен
тука.