Целта на овој Договор е државите потписнички на Иницијативата Отворен Балкан да си помагаат меѓусебно во случај на прекин на синџирите на снабдување како последица на глобалната криза, кога една од страните се соочува со недостиг во снабдувањето на домашниот пазар со основните земјоделско прехранбени производи.
Со овој Договор, страните се согласни дека нема да има забрани за тргување со основни земјоделски прехранбени производи меѓу членките на Иницијативата Отворен Балкан. Списокот на производи е наведен во Анекс I на Договорот.
Од датумот на влегување во сила на Договорот, Страните ќе ги укинат квантитативните ограничувања и мерки со еквивалентен ефект на основните производи наведени во Анекс I, кои потекнуваат од членките на Иницијативата Отворен Балкан.
Целиот текст на Договорот е достапен
тука.