„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.11.2024
Предлагач: Група пратеници
I.ОЦЕНКА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр.11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17 и 148/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 124/19, 239/19 и 41/22), се уредени висината на минималната плата, усогласувањето на истата, инспекцискиот надзор, прекршочни одредби и сл. Покрај тоа, со истиот, уреден е и начинот на усогласување на истата, при што е предвидено усогласувањето да се врши со 50% од порастот на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Имајќи предвид дека во изминатиот период има појава на пораст на цените на одделни производи, кои се од витално значење за работниците, а со тоа и на домаќинствата и има влијание и на животниот стандард на истите, се наметна потребата за зголемување на минималната плата како би се обезбедил подобар животен стандард на граѓаните. Исто така, синдикатите како заштитници на правата на работниците, во изминатиот период постојано повикуваат на зголемување на минималната плата како би се обезбедил повисок животен стандард на работниците и повеќе приходи во семејствата. Наведените состојби ја наметнаа потребата од изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Законот се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија.