„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИНОТО

18.07.2022

 Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за виното содржи четири членa.
Во членот 1 се додава нов став (5) во членот 16-а со кој откупувачите кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи ќе имаат обврска да мора да обезбедат финансиски средства за исплата на количините на винско грозје кои планираат да ги откупат од производителите на винско грозје. 
Во членот 2 се врши доуредување на постојаниот член каде се предвидува намалување на рокот за исплата од страна на откупувачите на винско грозје и динамиката на износот на исплатата. 
Во членот 3 се крати можноста за намалување од 8% на износот кој е утврден како цена за винско грозје доколку исплатата се врши во целост. 
Во членот 4 се уредува член 56 став (2) со нова алинеа 9 со која во ставот (2) Државниот инспекторат за земјоделство во вршење на инспекцискиот надзор утврдува дали откупувачите имаат обезбедено финансиски средства за откуп на винско грозје согласно одредбите предвидени во самиот закон. 
Во членот 5 се уредува влегувањето во сила на законот.