„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.09.2024
I. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предлог за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште и тоа: - рационално користење на земјоделското земјиште, - заштита на земјоделското земјиште од граджна експанзија, - поедноставување на постапките за добивање на државно земјоделско земјиште под закуп - усогласување на одредбите од Законот за урабнистичко планирање со Законот за земјоделско земјиште - Обезбедување на правна сигурност и давање на можност за сериозен инвестициски пристап на корисниците на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп. Целта на предлог законот е изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на рационално користење на земјоделското земјиште и неговата заштита од злоупотреби. Предлог законот се заснова на истите начела на кој се заснова Законот за земјоделското земјиште.