Предлог-законот за заштита потрошувачите се усогласува со директивите на Европската Унија и овозможува примена на ервропското право во областа на заштитата на потрошувачите.
Цели на предложениот текст се:
- Подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права;
- Обезбедување на потрошувачите со инструменти за брзо решавање на споровите;
- Подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот;
- Понатамошен развој на политиката за безбедност на производите;
- Зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите;
- Зајакнување на улогата на локалната и регионалната самоуправа во реализација на политиката за заштита на потрошувачите.
- Дигитализација на процесите заради обезбедување на ефикасно и ефективно давање на електронски услуги на корисниците, кои може да бидат физички и правни лица, преку Националниот портал за електронски услуги, како и размена на документи помеѓу институциите од јавниот сектор преку Националната платформа за интероперабилност.
Предложените решенија имаат за цел да се креира модерна законска рамка, којa, од една страна обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира соодветни услови за деловно работење; да се зајакне административниот капацитет на Министерството за економија одговорно за спроведување на политиката за заштита на потрошувачите, да се воспостави соодветна административна структура за развој и координација на оваа политика со сите други засегнати страни, да се зајакне независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите, да се подобрат механизмите за поддршка на потрошувачите за решавање на нивните приговори и да се обезбедат адекватни услови за имплементација на политиките за безбедност на производи, се со цел да се постигне понатамошен напредок во оваа област. Со овој закон се овозможува и намалување и на прекршочните одредби согласно новиот Закон за прекршоци ( ˵Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/19), се уредува попрецизно и улогата на организациите на потрошувачи и воедно и на Советот на потрошувачите како на национално и така и на локално ниво.
Со транспонирање на Регулативата бр. 910/2014 за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции на внатрешниот пазар ке се дигитализираат услугите кои ги даваат институциите до граѓаните и правните лица од моментот на поднесување на барањето до моментот на издавање на актот до корисниците.
Целосниот текст на Предлог – законот е достапен на следниот
линк.