„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог закон за изменување на законот за инспекциски надзор

30.08.2024

 Надлежно е Министерство за јавна администрација.

Цели на предлог регулативата: Основната цел на Предлог законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, е усогласеност со позитивните законски прописи, доследно почитување и исполнување на обврските од истите, поточно усогласеност со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа во однос на утврдување на надлежност на Министерството за јавна администрација и усогласеност со Законот за прекршоците во насока на намалување на прекршочните глоби преку утврдување на точен распон на висината на истите.

Крајната цел на предлог законот е хармонизација на правниот систем и создавање правен амбиент за да може да се ползуваат ефектите од намалените санкции.