„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.08.2024
Предлагач е Владата на РСМ.
II ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање е доуредување на одредбите поврзани со изборот на вршителот за работи од урбанистичкото планирање што ги вршат правни лица со лиценца за изработување на урбанистички планови, за планови и проекти финансирани со средства од буџетот на општината, општината на градот Скопје и градот Скопје ќе се спроведува на начин и постапка согласно со Законот за јавните набавки. Со овој предлог на закон ќе се овозможи подобрување на условите за живот преку обезбедување на континуитет во планските документи во руралните односно градските средини и реализација на потребите за домувањето со сите неопходни инфраструктури и градби кои се во функција и овозможуваат подобра социјализација на жителите со продолжување на рокот за донесување на урбанистичките планови започнати по други закони.