„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.07.2024
Основни цели на новиот Закон за вработените во јавниот сектор се:
· зголемување на ефикасноста и ефективноста на постапките за управување со човечките ресурси;
· јасна регулација на мерит постапка за вработување со избор на најдобриот кандидат;
· поедноставување на постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работни места;
· поедноставување на постапката за годишните планови за вработување;
· воведување на унапреден концепт за планирање и следење на вработувањата;
· унапредување на правата и обврските на вработените во јавниот сектор;
· унапредување на постапките на мобилност и
· унапредување на инспекцискиот надзор/ разграничување на надзорот над примената на одредбите од овој закон.