„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
12.02.2026 - 03.03.2026 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Правилното управување со опасни материи и опасен отпад претставува една од најважните обврски за секоја компанија и институција, со директно влијание врз безбедноста на вработените, заштитата на животната средина и усогласеноста со законската регулатива.
Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, како што е и правилното управување со опасни материи и отпад, со што се помага во одржување на здрава и безбедна средина, Стопанската комора на Македонија на 03 март 2026 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ.
Неправилното постапување со опасни материи и отпад може да предизвика сериозни ризици по здравјето на работниците, загадување на животната средина, како и значајни правни и финансиски последици за организациите.
Семинарот ќе овозможи учесниците да се стекнат со практични знаења и компетенции за:
I. Закон за управување со отпад
II. Начела за одржливо управување со отпад, „Правилникот за опасни супстанции, гранични вредности (прагови) за присуство на опасни супстанции и критериуми или својства според кои супстанцијата се класифицира како опасна – Закон за безбедност и здравје при работа“ и Eу-регулатива.
III. Опасности и штетности од управување со опасни материи и опасен отпад, управување со ризикот при ракување со опасни материи и опасен отпад, надзор и надлежни органи, Делокруг на државниот инспектор за животна средина - мониторинг.
IV. Постапување со опасен отпад, правила за постапување со опасниот отпад.
- Електронски работен материјал;
- Сертификат за присуство на семинарот;
- Потврда со 10 бода;
- Закуска и освежување.