„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.06.2025 - 15.07.2025 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Стопанската комора на Северна Македонија на 15 јули 2025 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: ЗАШТИТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД РИЗИЦИ ПО НИВНО ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПОРАДИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА И ВИБРАЦИИ.
Оваа обука e дизајнирана да одговори пред се на потребите на стручните лица за безбедност при работа и работодавачите со веродостојни информации за можните ефекти од влијанието на бучавата и вибрациите врз безбедноста и здравјето при работа, со цел да можат да преземат навремени и ефективни мерки за безбедност и здравје на работниците.
Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со бучавата и вибрациите кои се појавуваат во работните процеси, присутните ќе се стекнат со нови знаења и истовремено ќе се вклучат во значајни дискусии поврзани со темата.
Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на условите на реализација на работните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги во предвид обврските кои произлегуваат пред се од законот за БЗР, ќе се дефинираат активности кои се во надлежност пред се на работодавачот, на стручното лица за БР, а и обврските на самите вработени во дадени ситуации .
Главната цел на семинарот е присутните да се запознаат со релевантните пристапи, т.е. начини кои се користат за управување и справување со ризиците и опасностите кои произлегуваат од бучавата и вибрациите во работниот процес пред се по вработените.
- Да ги разберат барањата на самата законска и подзаконска регулатива;
- Да ги организираат и следат сите чекори на работниот процес, а истовремено и преку континуирано следење и превенирање на сите ризици и опасности кои се појавуваат во текот на работниот процес да го заштитат здравјето на вработените;
- Да знаат каков вид на обуки се потребни за лицата кои ќе бидат директно иволвирани во целиот работен процес;
- Да ја обезбедат и одржуваат во актуелна состојба, подготвеноста на сите лица инволирани или присутни на работни места каде се појавуваат бучава и вибрации во текот на работниот процес.
Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во работата да ја следат и одржуваат безбедноста во работните процеси, исполнување на сите обврски, како во поглед на безбедноста и здравјето на вработените кои ги користат, така и во поглед на обврските кои им ги налагаат самита законски и подзаконски решенија кои ја покриваат областа.
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските кои произлегуваат од Законот за БЗР и решенија за дадени ситуации.
- Закон за Безбедност и здравје при работа; - Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од бучава; - Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од механички вибрации; - Влијанието на бучава и вибрации врз здравјето на вработените; - Tехничка примена, одржување, контроли; - Практични примери. |
- Проф.д-р Драган Мијакоски – специjалист по медицина на труд;
Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 10.07.2025 година.