„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација за градежништво

Во Групацијата на градежништвото членуваат фирми кои се занимаваат со проектирање и градење на објекти од високоградбата, нискоградбата и хидроградбата.
Градежните претпријатија проектираат и градат разни видови на објекти од нискоградбата (автопатишта, мостови, цивилни и воени аеродроми), од високоградбата (станбени, индустриски и јавни објекти) и од  хидроградбата (брани, тунели, системи за наводнување, системи за водоснабдување, системи за канализација со пречистителни станици и др.). Исто така, претпријатијата изработуваат експертизи и студии, инвестициони програми, како и вршат организација на изградба на комплетни објекти (инженеринг) и стручно-технички надзор над изведувањето на инвестиционите објекти во земјата и во странство.
Групацијата за градежништво функционира од 24.7.2006 година.
Групацијата делува организирано преку следење на законската регулатива, преземање иницијативи и давање предлози за нејзина измена и дополнување, третирање на проблематиката околу кадрите во градежништвото, заштитата при работа, организирање едукативни семинари и преземање други активности од интерес и за потребите на членството.


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Учеството на додадената вредност на градежништвото во структурата на бруто домашниот производ во последните десетина години се движи од 5% до 7 %.
Според статистичките податоци за 2020 година вкупниот број на активни деловни субјекти изнесувал 73.061 деловни субјекти, од кои 5.263 се регистрирани во градежништвото, или 7,2 % од вкупниот број на активни деловни субјекти.
Најголем дел или 83,51 % од деловните субјекти во градежништвото се микро претпријатија со 1 – 9 вработени. Малите претпријатија со 10 до 19 вработени учествуваат со 6,16%, додека оние со 20 до 49 вработени учествуваат со 3,71%. Средните компании кои вработуваат до 249 лица се застапени со 1,08 % додека големите компании кои имаат над 250 вработени имаат најмало учество од само 0,2%.Во 2020 година од вкупно вработените 759.054 лица, во градежништвото се вработени 56.263 лица или 7,41 % од вкупно вработените.
Во 2020 година градежништвото вработува 53.376 лица, или 6,7% од вкупниот број вработени во државата. Според последните податоци, дури 94% од вработените во секторот се мажи, а само 6% се жени. Податоците за старосната структура на вработените лица во градежништвото покажуваат дека најголем процент се лица на возраст од 30 до 49 години (46%), а по нив следува категоријата лица на возраст од 50 до 64 години (35,7%).  Младите лица на возраст од 15 до 29 години се најмалку застапени како работници во оваа стопанска гранка со само 17,6%. 

⮞ Љупчо Бораниев, БОРТАС, Скопје

⮞ Никола Велковски, ИНКОМ ИНЖЕНЕРИНГ, Скопје

Суштински прописи од областа на градежништвото:

Закон за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/2009, 124/2010, 18/2011, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 144/2012, 25/2013, 79/2013, 137/2013, 163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014, 44/2015, 129/2015, 217/2015, 226/2015, 30/2016, 31/2016, 39/2016, 71/2016, 132/2016, 35/2018, 64/2018 и 168/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/2019, 18/2020 и 279/2020)

Закон урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр.32/2020 од 10.2.2020 година)


Контакт лице: Билјана Пеева-Ѓуриќ
Оперативен директор за претставување на членките и вмрежување

Телефон: + 389 2 3244034
Мобилен: 072 236 710
Е-адреса: biljana@mchamber.mk