„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација за водовод

Функционирањето на Групацијата на водовод во рамки на Здружението на комунални дејности  при Стопанската комора на Македонија е обновено на 18.07.2014 година на иницијатива на водоводните комунални претпријатија членки на Здружението при Комората.

Идејата за реобновување на групацијата е резултата на потребата од следење на законските прописи од дејноста, интересот за развој на дејноста преку учество на саеми, аплицирање за средства од меѓународните фондови за инвестиции во водоводната мрежа, остварување Б2Б средби итн.

Основна дејност на водоводните претпријатија е производство и дистрибуција на чиста вода за пиење на општината за која е надлежно комуналнотот претпријатие.  Тоа подразбира зафаќање на сирова вода од извориштата, нејзина преработка, филтрација , дезинфекција и дистрибуција до крајните потрошувачи. Дејностите при дистрибуција на вода се:

- контрола на функционирањето на водоводната дистрибутивна мрежа
- планско превентивно одржување
- интервентно одржување на мрежата и приклучоците
- одржување на квалитетот на водата во мрежата
- изработка на нови приклучоци на водоводната мрежа
- изработка на нови делници во водоводната мрежа како и реконструкција на постојните
- контрола на исправноста на мерните инструменти на потрошувачката на вода - водомери

Околу 2% од територијата на Република Македонија се под водена површина. Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Р.Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна рапределба. Според хидрографската поделба, на територијата на Република Македонија постојат четири слива и тоа: вардарски, Црнодримски, Струмички и сливот на Јужна Морава.

Основен законски пропис со кој е уредена оваа областа води е Законот за водите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13 и 163/13) и подзаконските акти донесени врз основа на Законот за води. Законот за водите е рамковен закон кој ги регулира основните принципи и начела за управување со водните ресурси.


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Во Групацијата на водовод во рамки на Здружението на комунални дејности  при Стопанската комора на Македонија, членуваат комуналните водоводни претпријатија, кои на локално ниво делуваат како самостојни претпријатија или се дел од комуналните претпријатија кои обединуваат повеќе дејности.

Според податоците на Државниот завод за статистика, објавени на 08 јануари 2016 година, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесува 6 622 042 илјади денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2014 изнесува 1.3%.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (25.2%), потоа учеството на трошоците за постапување со отпад (17.7%) и трошоците за управување со отпадни води (16.0%). Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува 12.8%. Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.

Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 44.5 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 55.5%. Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во вкупните инвестиции во основни средства изнесува 2.4%. Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 895 501 илијади денари, односно 73.9%. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 31.5% се наменети за инвестиции, а 68.5% се за одржување на средствата.

КОМУНАЛНИТЕ ВОДОВОДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА БАРААТ ЗАШТИТА ПРЕКУ ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО РЕГУЛИРАЊЕТО НА ВОДАТА КОЈА СЕ КОРИСТИ ОД ПРИВАТНО ИЗГРАДЕНИ БУНАРИ 30.6.2016

Комуналните водоводни претпријатија во повеќе општини реагираат дека за еден дел од водата што ја управуваат немаат контрола кој ја троши, како и за тоа кој се` испушта вода во канализационите системи што се во нивна надлежност. Согласно укажувањата на членките на Групацијата за водовод во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, се` повеќе во општините има капацитети кои самите си градат бунари, за што дел од нив добиваат дозвола од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање, а дел се градат на диво, а при тоа ниту едните ниту другите не плаќаат надомест што водата по употребата ја испуштаат во канализационите системи на водоводните претпријатија. Дополнителен проблем е што нема ниту механизам како да се наплати водата што индустриските капацитети ја користат од бунарите бидејќи ниту една институција во државата не баждари водомери врз основа на кои може да се фактурира трошок за испуштена вода во канализационите системи користена преку бунари.

 

Сите овие проблеми ќе станат уште поактуелни со примената на Законот за регулирање на цени на водни услуги, согласно кој Регулаторната комисија за енергетика по однапред дефинирана методологија ќе ја утврдува цената на водата во секоја општина одделно. Имено, проблемот станува актуелен бидејќи по овој закон секоја општина ќе мора да изгради пречистителна станица, согласно која секој непредвиден трошок ќе иницира зголемување на цената на водата, што како крајни корисници ќе ја платат населението и деловните субјекти како потрошувачи.

 

За таа цел, на денешниот состанок членките на Групацијата констатираа дека ќе се побара и официјално од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање да добијат информација кои се капацитети имаат дозвола за бунари за техничка вода во урбаните средини и согласно тоа ќе се бара начин како да се обезбеди наплата на овие субјекти за испуштањето на водата во канализационите системи.
Даниела Михајловска Василевска

Закон за утврдување на цени на водните услуги тема на состанокот на Групацијата на води во рамки на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија 27.01.2016

Имплементација на Закон за утврдување на цени на водните услуги кој е веќе објавен во „Службен весник на Република Македонија бр. 7/2016 беше тема на денешната седница на групацијата на води во рамки на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија. На состанокот,  освен членките на групацијата, претставници на посебните водоводни и комуналните претпријатија каде покрај другите дејности е вклучен и водоводот учествуваа и Јадранка Иванова од министерството за животна средина и просторно планирање и претставници на Регулаторната комисија за енергетика, која веќе доби законски надлежности во иднина да ја регулира цената на водните услуги која се дистрибуира до крајните корисници.
Иванова ги објасни и причините за носење на законот потенцирајќи дека со новиот начин на пресметка на цената на водата ќе се обезбеди поголема издржливост на системите, намалување на загубите на вода и можност за нови и поголеми инвестиции во осовременување на водоводните и канализационите системи во општините ширум земјата. Одлуката регулаторната комисија за енергетика да биде регулатор на цената е преземено искуство од многу европски земји каде на исти начин се дефинира цената.  (Повеќе)
Иванова ги информираше присутните за обврските кои согласно овој закон ќе почнат да важат за комуналните водоводни претпријатија. Имено периодот од први ноември 2016 година до 31 декември 2017 година ќе биде период во кој  водоводните претпријатија ќе треба да отпочнат постапка за утврдување на тарифата за вода и тарифните планови., по што од 01 јануари 2018 година во општините со над 10.000 еквивалент жители ќе се применува тарифата за водни услуги, а со оние под 10.000 еквивалент жители, обврската започнува со примена од 01 јануари 2019 година.
Претставниците на регулаторната комисија за енергетика ја презентираа рамката согласно која водоводните претпријатија ќе треба да ја креираат предлог цената. При тоа напомена дека во следниот период ќе бидат реализирани низа контакти и работни состаноци со цел изработка на под законските акти, правилници и други законски норми како би можело да профункционира системот на пресметка на цената на водата. Регулаторната комисија за енергетика, како што посочија претставниците од оваа независно регулаторно тело, веќе има позитивно искуство од соработката со енергетските претпријатија при што изразија подготвеност истото да го применат и во случајот со регулирање на цената на водните услуги.  (Повеќе)
Претставниците на водоводните претпријатија имаа серија прашања пред се до креаторот на законот, претставникот на министерството  за животна средина и просторно планирање, во насока на предочување и расчистување на дилемите околу функционирање на дел од законските одредби.
На крајот од состанокот беше заклучено дека групацијата за водовод во рамки на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, да ја продолжи соработката со регулаторот и со министерството за животна средина, во насока на расчистување на дилемите, креирање на под законските акти,  а доколку има потреба ќе бидат поднесени и предлог измени и дополнувања на веќе донесениот Закон за утврдување на цени на водните услуги. Инаку Законот кој во форма на Предлог излезе во април 2015 година беше  предмет на анализа и дебата на групацијата за водовод во рамки на Комората во текот на минатата година за што беа предложени и неколку забелешки. Дел од нив беа усвоени, особено во делот на намалување на надоместокот за регулаторната комисија за енергетика кој првично беше предложено да зафаќа до 0,4% од вкупниот приход, со што сега се сведе на најмногу 0,1%. Друга забелешка која беше прифатена на групацијата, е во комуналните претпријатија кои опстојуваат со повеќе комунални дејности како вкупен приход да се третира само приходот на водоводната единица.  

Даниела Михајловска Василевска  

Предлог Законот за утврдување на цени на воднитe услуги, предложен од министерството за животна средина и просторно планирање, тема на седницата на групацијата за водовод.  06.05.2015 година

Групацијата за водовод во рамки на здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија на денешниот состанок го разгледуваше предлог Законот за утврдување на цени на воднитe услуги чија цел, како што беше потенцирано од претставниците на министерството за животна средина и просторно планирање присутни на состанокот, е да се обезбеди воспоставување на само одржлив систем на водни услуги кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена во согласност со целите на Националната стратегија за води на Македонија. Законот, како што беа информирани присутните учесници на состанокот од јавните комунални претпријатија исто така има за цел и да обезбеди водните услуги да се финансиски достапни за населението, да се обезбеди одржливо користење на инфраструктурата за вршење на водните услуги, да се подобри ефикасноста на водните услуги со крајна цел обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги како и целосна примена на начелото загадувачот плаќа, корисникот плаќа, како  и начелото на трошоците на ресурсот согласно Законот за водите.
Присутните на состанокот дадоа свое видување на предложениот текст на законот. Посочија серија несоодветни членови и предложија измени на дел од нив. Како што беше посочено, со некои од предложените членови ќе се доведат во незавидна положба јавните комунални претпријатија, бидејќи согласно овој закон тие ќе треба да испорачаат на граѓаните повисоки сметки за потрошена вода во сите оние општини, каде нема изградено пречистителни станици, што како инфраструктурен зафат е обврска на локалните власти, а не на јавните водоводни односно комунални претпријатија. Во таа насока, присутните на состанокот предлагаат новата давачка што ќе произлезе по донесувањето на законот за утврдување на цени на воднитe услуги, да не се наплатува од крајните корисници (граѓаните фирмите и сите останати потрошувачи), преку сметките за вода, бидејќи првенствено, тоа нема да биде приход за водоводните фирми, туку целта е преку сметките за вода само да се канализира овој приход. Со зголемени трошоци ќе се соочат и потрошувачите во општините каде е започнат процесот на изградба на пречистителна станица но истата се уште не е готова.
Креаторот на законот според претставниците на министерството на денешниот состанок информираа дека се размислува, од овој закон да бидат изземени општините со помалку од 10.000 жители. Досега само 8 општини во Македонија имаат изградено пречистителни станици.

Даниела Михајловска Василевска

Интерес на членките на групацијата за водовод за аплицирање на проекти во рмаки на ЕУ програмите за обнова и реконструкција на водоводните и канализационите мрежи.  02.04.2015 година

“Постапка за земање дозвола за вода за пиење и за отпадните води од страна на комуналните претпријатија”, беше темата за која Групацијата за водовод во рамки на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, дискутираше на состанокот што се одржа во Тетово на 02.04.2015 година. Претседателот на групацијата Ефтимов, посочи дека согласно контактите со колегите од другите водоводни комунални претпријатија, има информации оти многу јавни претпријатија не ја знаат постапката за добивање дозвола за отпадните води. Конкретно само претпријатијата што имаат пречистителни станици ја имаат и дозволата за отпадните води, но останатите не. Во таа насока и претставникот на  министерството за животна средина и просторно планирање, Јадранка Иванова, која на состанокот беше присутна од аспект на официјалната најава на министерството дека во постапка е изработка на Закон за утврдување на цени те на водни услуги, ги информираше присутните на состанокот дека, согласно законите сите ЈП од 2011 година (од 2006 до 2011 година беше период на прилагодување), веќе мора да ја имаат ова дозвола за отпадните води. Овој сегмент од работењето на водоводните комунални претпријатија дотолку ќе биде подефиниран со новиот закон за утврдување на цена на водни услуги, кој се уште е во подготовка во министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно овој закон, за кој допрва ќе треба да се изјаснат водоводните компании како и да дадат свое толкување, според Иванова ќе има надлежност регулаторно тело. Првично се планира законот да се регулира преку регулаторната комисија за енергетика. Новина што ќе ги засегне водоводните претпријатија што немаат пречистителни станици, а следствено на тоа немаат ниту дозвола за отпадните води, е фактот дека законот ќе предвидува надоместок за испуштање на нетретирани отпадни води кој ќе изнесува отприлика меѓу 10 и 14 денари за м3, испуштена нетретирана вода. Законот ќе треба да влезе во сила во првата половина на следната година, 2016-та, а новата тарифа ќе биде со важност од јануари 2018-та година. Надоместокот ќе оди на посебна буџетска сметка, а ќе се калкулира во сметката за вода што водоводните претпријатија им ја испорачуваат на крајните корисници. За таа цел водоводните компании ќе мора во меѓувреме ќе мора да обезбеди дозвола за испуштање на водата.
Присутните на состанокот прашаа дали оваа новина ќе значи и поскапување на услугата што крајните корисници ја плаќаат преку сметката за вода, за што добија потврден одговор. Во тој случај, едногласно беше констатирано дека, на овој начин товарот ќе падне на граѓаните, а виновници за повисоките сметки ќе бидат водоводните комунални претпријатија. 
Претставникот на министерството за животна средина посочи дека целта на законот е да се стимулираат водоводните јавни комунални претпријатија да инвестираат во пречистителни станици, за што претставници на овие фирми на локално ниво веднаш реагираа дека такви капитални инвестиции тие сами не може да прават, туку дека тоа е одлука на општината. Оттука бараат од министерството, во рамки на законот да не се бара одговорност од комуналните водоводни претпријатија, туку оваа законска обврска да биде упатена до локалните власти. 
Темата предизвика сериозна и подолга расправа во рамки на која претставниците на водоводните јавни комунални претпријатија беа едногласни дека ваквото законско решение на долг рок, ќе донесе позитивни резултати, меѓу кои во голем дел се однесува и на воведување на систем на заштеда на вода, број на вработени и сл. Но факт е дека за да се реализира истото потребно е да се направи студија каде се на територијата на Македонија нема првенствено канализација. 
Во насока на правилно функционирање на системот кој сега министерството за животна средина се обидува да го постави почитувајќи го законското правило – ЗАГАДУВАЧОТ ПЛАЌА, водоводните претпријатија констатираат дека за негова имплементација, најдобро ќе биде системите за водовод и канализација наместо како досега да ги координираат општините, истите да се отстапат на јавните комунални претпријатија.
Како заклучок од расправата по оваа точка од дневниот ред беше да се укаже на сите јавни водоводни комунални претпријатија да аплицираат за дозвола за отпадни води, со  забелешка, ресорното министерство за животна средина да помогне оваа обврска да се реализира што побрзо.
Беше констатирано дека за оваа точка, согласно расправата и интересот кој истата го побуди, да се организира нов состанок со претставници од министерството кои работата на оваа проблематика, имајќи во предвид дека претставникот кој беше на состанокот е од секторот на ЕУ во рамки на министерството.
Да се преиспита предлогот, новиот надоместок предвиден во новиот закон за утврдување на цената на водните услуги кој е во подготовка, да го наплатува самата општина, бидејќи надлежностите за пречистителните станици се на самите општини. Оттука оние општини што немаат пречистителните станици, а крајните корисници треба да плаќаат дополнителен надомест, товарот да падне на општините не на ЈКП.
Имајќи во предвид дека кај еден одреден процент од крајните корисници не може да се наплати надоместокот за потрошена вода, комуналните претпријатија предлагаат општините да излезат во пресрет и да помогнат така што преку секторот за имотно правни односи да има поврзаност за неплатениот долг на крајниот корисник со имотот кој истиот го поседува.
Согласно расправата беше заклучено дека Водоводните јавни комунални фирми ќе мора што поитно да обезбеди дозвола за испуштање на водата. Да се преиспита предлогот, новиот надоместок предвиден во новиот закон за утврдување на цената на водните услуги кој е во подготовка, да го наплатува самата општина, бидејќи надлежностите за пречистителните станици се на самите општини. Оттука оние општини што немаат пречистителните станици, а крајните корисници треба да плаќаат дополнителен надомест, товарот да падне на општините не на ЈКП. За точката “Постапка за земање дозвола за вода за пиење и за отпадните води од страна на комуналните претпријатија”, согласно расправата и интересот кој истата го побуди, да се организира нов состанок со претставници од министерството кои работата на оваа проблематика, имајќи во предвид дека претставникот кој беше на состанокот е од секторот на ЕУ во рамки на министерството, како и да се направи студија каде се на територијата на Македонија нема првенствено канализација. 

Даниела Михајловска Василевска

Групацијата за водовод разговараше за имплементација на Законот за  вработени во јавниот сектор, во комуналните водоводни претпријатија. 25.11.2014

Имплементацијата на Законот за  вработени во јавниот сектор, чија примена започнува на 13 февруари 2015 година” и неговата примена во делот на општинските претпријатија се доведува под знак прашање, бидејќи за еден поголем дел од вработените, се бара исполнување на многу високи критериуми за работните позиции, како и несоодветно евидентирање на дел од вработените во категории кои според правните толкувања во комуналните фирми, не би требало да припаднат таму. За таа цел, беше договорено во следната недела, да се соберат мислењата од правните служби на комуналните фирми и во средината на следниот месец да се организира заеднички состанок на сите комунални претпријатија членки на здружението, со цел да се донесе заеднички заклучок кој би бил основ за иницирање состанок со високи претставници од ресорното министерство за информатичко општество и администрација. 

Претседателот на групацијата Александар Ефтимов, ги информираше присутните дека за подобро и поефикасно функционирање на групацијата потребно е да се формира УО, кој согласно правилата за работа на здружението за комунални дејности брои 9 члена вклучително и претседателот и потпретседателот на групацијата. За таа цел, едногласно беше изгласан составот на УО на групацијата во кој во следниот период ќе членуваат претставници на фирмите: ЈКП Водовод  Кочани, ЈП Водовод Прилеп, ЈП Исар Штип, ЈП Водовод Куманово, ЈКП Дервен Велес, ЈП комуналец Кавадарци,  ЈП Водовод Битола, ЈКП Тетово, а на состанокот беше предложено 9-иот член да биде претставник од ЈП Водовод и канализација Скопје. Бидејќи оваа фирма во моментот не е активна членка во здружението, односно групацијата, а претходно беше најавено нивно присуство, се одлучи, овој член да биде дефиниран до следниот договорен состанок на групацијата.

Даниела Михајловска Василевска

На иницијатива на водоводните комунални претпријатија обновена Групацијата за водовод во рамки на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија. 18.07.2014 година

Состанокот го отвори г-дин Златко Ристески претседател на Здружението за комунални дејности, имајќи го предвид фактот дека групацијата за водовод подолго време не беше активна во рамки на здружението. Претседател на Здружението ја нагласи потребата од реактивирање на оваа групација во рамки на Стопанската комора на Македонија, посочувајќи дека компаниите чија основна дејност се активностите од сегментот на водовод, имаат потреба преку соодветна групација да ги решаваат проблемите со кои се соочуваат во секојдневното работење и да работат во насока на креирање подобар деловен амбиент за нивни натамошен развој.
За таа цел на состанокот беше дебатирано и за составот на новото раководство на групацијата која во следниот период ќе треба да ги координира работите на Групацијата. Присутните на состанокот предложија и ги избраа  за претседател на групацијата да биде Александар Ефтимов, технички директор во ЈКП Водовод Кочани, а за потпретседател Сашо Николоски.
На состанокот беше договорено во следниот период да се дефинираат активностите на групацијата и да се избере составот на УО кој согласно правилата на работа на Здружението за комунални дејности треба да бори 9 членови.

Даниела Михајловска Василевска


Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Проектен менаџер во Стручната служба

Телефон: +389 (02) 3244021
Мобилен: 072 220 037
Е-адреса: daniela@mchamber.mk