„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во рамките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали, на 8.02.2012 година, формирана е Групација за агрегати, бетони и асфалти.
Групацијата е формирана како резултат на потребата за организирано делување и едуцирање на учесниците во производството на конечниот производ односно бетонот или асфалтот, притоа почитувајќи ги одредбите на законските прописи за градежните производи и имплементирајќи ги усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија.
Заради поголема координираност и организираност на Групацијата, формирани се експертски тимови и тоа за агрегати од фирмите Макалб и Рудници Бањани, за бетони од Цементарница Усје и Гоива, за асфалти од Гранит и Илинден - Струга и претставници од лабораториите: Градежен институт „Македонија“ АД Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје, ДГПУ „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“ДОО, Лабораторија за испитување на градежните производи и Евро консалтинг ДОО Скопје – Лабораторија за испитување на градежните материјали.
За претседател на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти, на 5.4.2017 година, е избран г-дин Никола Крајчевски од ГД „Гранит“ АД – Скопје.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Во експлоатацијата на агрегати се активни повеќе од 100-150 компании кои имаат концесии за експлоатација на повеќе од 100 локации, околу 100 компании произведуваат бетон и / или бетонски производи и околу 10 компании битуменски мешавини (асфалти).
Законот за градежни производи е основен закон со кој се регулираат прашањата од областа на градежните производи ("Службен весник на РМ" бр. 04/2015, 192/2015, 53/2016 и 120/2018).
Со цел да се обезбеди целосна имплементација на Законот за градежни производи, потребна е подготовка на подзаконски акти со вклучување и консултации со деловниот сектор.
Приоритетни програмски активности на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти
- Информирање на членките за европските стандарди за градежни производи од хармонизирано подрачје и македонските стандарди за градежни производи од нехармонизирано подрачје
- Согледување на состојбите во дејноста и предлагање решенија за нивно континуирано унапредување
- Соработка со Институтот за стандардизација на РСМ и ресорните министерства
- Предлог за изготвување на Водич или Прирачник за работа за потребите на производство на агрегати, бетони и асфалти
31.5.2017 - Групацијата на агрегати, бетони и асфалти при Стопанската комора на Македонија, согласно Заклучокот од седницата (5.4.2017 година) на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, продолжи да одржува состаноци, со концесионери на агрегати (варовници) од битолско, прилепскиот, кавадаречкиот, велешкиот и гевгелискиот регион. Темата на состанокот беше новините во Законот за градежни производи, кои се однесуваат посебно за производителите, односно концесионерите на агрегати или компании кои согласно одлука се вклучени во регулирање на речните корита.
11.5.2017 - Групацијата на агрегати, бетони и асфалти заедно со Групацијата на водостопанските претпријатија при Стопанската комора на Македонија на 11.05.2017 година одржаа заедничка средба на која беа презентирани новините од Законот за градежни производи, со посебен акцент на добивање на квалитетен производ, кој понатаму ќе се пласитра за производство на бетони и малтери.
На 9.5.2017 година во Струга, во присуство на голем број заинтересирани концесионери, беше одржан состанок при што беше направена презентацијата
На 26.4.2017 година одржан состанок со концесионери од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија на тема: „Концепт на контрола на градежните производи согласно Законот за градежни производи и националниет (европски) стандарди“
Согласно заклучокот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на одржаниот состанок (5.4.2017 година), новините од Законот за градежни производи, кои воведуваат промени во начинот на контролата на производството кај градежните производи, на начин што се дава многу поголема одговорност на производителот на градежен производ во поглед на контролата на квалитетот и одржување на постојаност на својствата на градежниот производ
30.3.2016 - Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите
На заедничка маса – градежниците и сите инспекциски надлежни институции
Во организација на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на 30.3.2016 година, во Комората се одржа состанок, на кој покрај членките, присуствуваа и претставници од пазарна и градежна инспекција, царина и Инспекциски совет. Темата на состанокот беше што нуди новиот Закон за градежни производи, како и кои документи треба да ги подготви производителот односно увозникот за пласман на производот на пазарот.
Како што истакна претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски, овој состанок е свикан на барање на членките на Здружението, од причина што досега многу пати е разговарано на оваа тема, но без присуство на институциите кои се надлежни за инспекциски надзор.
5.11.2015 - Eднодневен семинар на тема:„Што нуди новиот Закон зa градежни производи“ На 5 ноември 2015 година во рамките на Стопанската Комора на Македонија во организација на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и Центарот за едукација, се одржа еднодневен семинар на тема: „Што нуди новиот Закон зa градежни производи“
Предавач на семинарот беше м-р Соња Черепналковска, која нагласи дека новиот Законот за градежни производи („Службен весник на РМ“, бр. 104/2015) е донесен со цел да се изврши транспонирање на новата Регулатива 305/2011 на Европската унија во областа на градежните производи во нашето законодавство. Регулатива 305/2011 ја замени Директивата на ЕУ 89/106 ЕЕС.
27.3.2013 година - Акредитираните лаборатории за испитување на градежните материјали се залагаат за имплементација на важечките стандарди
5.06.2012 година Групацијата на агрегати, бетони и асфалти при Стопанската комора на Македонија поаѓајќи од потребата за информиарње и за имплементацијата на EN стандардите усвоени како македонски, како и организирана, синхронизирана, стручна и сеопфатна акција на сите инволвирани страни го подготви ВОДИЧОТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ EN СТАНДАРДИ УСВОЕНИ КАКО МАКЕДОНСКИ