„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Групацијата на производители на средства за одржување чистота во домаќинствата е основана во рамките на Здружението на хемсиката индустрија со цел да ги третира специфичните проблеми на фирмите од оваа дејност.
Во Групацијата членуваат стопански субјекти до следните дејности:
- производство на сапуни и детергенти, препарати за чистење и полирање
- производство на парфеми и тоалетни препарати
Во оваа Групација членуваат 10-ина фирми кои опфаќат над 85% од производството на козмeтички производи во Република Македонија.
Претседател на Групацијата е Ацо Андрески, сопственик и директор на „Андросфарм„ - Охрид.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Производителите на средства за одржување на хигиена во домаќинствата, како дел од производството на хемикалии и хемиски производи, во изминатите години бележи воедначена динамика на производство, со мали осцилации на годишно ниво од најмногу 10%.
Најголем дел од производството е наменето за домашен пазар, но се позабележителен е и извозот на овие производи. Засега тие се извезуваат на пазарите во соседните земји, Бугарија, Србија, Косово и Албанија.
⮞ Ацо Андревски, Претседател, АНДРОС ФАРМ, Охрид