ПРИСТАП ДО ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА КОМПАНИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ВОВЕД
Пристапот до финансиски средства е еден од клучните фактори кои ги наведуваат компаниите во Македонија како пречка за зголемен обем на економски активности и за нивни раст и развој. Пристапот до финансии е клучен за добивање обртен или долгорочен капитал за компаниите
⮞ да ги одржат производствените процеси и да остваруваат раст и развој;
⮞ за инвестиции, иновации, креирање работни места и за примена на напредни техники и технологии.
ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ ЗА КОМПАНИИТЕ
ПРЕГЛЕД НА АКТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКАТА РАМКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ПРЕКУ КРЕДИТНИ ЛИНИИ ОД ДРУГИ МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ
ЕВРОПСКА УНИЈА – КОМБИНИРАНИ СРЕДСТВА И ГАРАНЦИИ ЗА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕКУ РАМКАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Економско-инвестицискиот план (ЕИП) на Европската комисија за Западен Балкан (2020-2023) е рамка со која се дефинираат приоритети за финансирање, со цел долгорочно економско заздравување на регионот и зајакнување на регионалната економска интеграција.
Во ЕИП се дефинирани 10 инвестициски приоритети за финансиска поддршка на зелената и на дигиталната транзиција на земјите од Западен Балкан и за доближување на регионот поблиску до единствениот пазар на Европската Унија.
За да се поттикне развојот на приватниот сектор, финансиската поддршка од Европската Унија е насочена кон поддршка на микро, мали и средни претпријатија за нивно усогласување со нормите и со стандардите во ЕУ во областа на енергетската, транспортната и на дигиталната поврзаност, одржливото земјоделство, биодиверзитетот, на шумите и водата, одржливите градови, на човечкиот развој итн. Претпријатијата и банките треба да бидат доволно посветени за максимално искористување на средствата ставени на располагање од Планот за раст преку инвестициската рамка за Западен Балкан.
Во фокусот на ЕИП е важноста на приватниот сектор, односно на start up, микро, малите и средните бизниси за економијата. Значајни инвестиции се наменети за иновации и за зелен развој.
Во моментов, на македонските компании на располагање им се следниве кредитни линии, со вкупен износ од околу 170 милиони евра, и тоа:
⮞ ФОНД ЗА ЗЕЛЕН РАЗВОЈ (GREEN FOR GROWTH FUND)
- Вкупниот износ на кредитната линија е 10 милиони долари.
- ЕИП-приоритет: зелена транзиција. ГГФ е посветен на борбата против климатските промени, како и на промовирање на економскиот раст и на одржливата иднина.
- Во фаза на примена.
- Наменета за мали и за средни претпријатија од сите економски сектори и домаќинства. ГГФ обезбедува средства за локалните финансиски институции или директни инвестиции во квалификувани проекти за компании и за домаќинства. Покрај финансирањето, со ГГФ е овозможена и техничка помош за размена на know-how и на техничка експертиза за да обезбеди успешни инвестиции.
- Каматна стапка за крајните корисници е во согласност со ценовната политика на банката.
- ГГФ е формиран во 2009 година од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и од германската KFW, а е поддржан од германското федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и од Европската комисија (ЕК)
- Повеќе информации на: www.ggf.lu
⮞ РЕГИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ (РЕЕП)
- ЕИП-приоритет: зелена транзиција
- Во фаза на примена; се спроведува заедно со Секретаријатот на Заедницата за енергетика.
- РЕЕП финансира трансформативни проекти во јавниот и во приватниот сектор.
- РЕЕП обезбедува средства за директни заеми за проекти за енергетска ефикасност и за обновливи извори на енергија.
- Средствата се наменети за мали проекти за енергетска ефикасност и за одржлива енергија, со поддршка од советодавните услуги финасирани од ЕУ, како и со поврат на средства базиран на емисијата на CO2.
- Фондот обезбедува должничко финансирање за мали и за средни претпријатија преку локалните комерцијални банки.
- РЕЕП е создаден во 2012 година од ЕБОР, KFW и од ЕУ.
- Повеќе информации на: www.wbif.eu/reepebrdgeff.com; www.kfw.de/kfw.de-2.html
⮞ ЗЕЛЕНО ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ИНКЛУЗИВНОСТ (ГФИ)
- ЕИП-приоритет: зелена транзиција
- Почеток: декември 2022 година; во фаза на подготовка
- Поддршка и посебен фокус на зајакнувањето на микро, малите и на средните претпријатија (ММСП) раководени од жени и од млади во секторите за општествено претприемништво, одржливо земјоделство, циркуларна економија и за екотуризам.
- ММСП кои ги исполнуваат условите може да пристапат до кредити со поволни услови, и тоа:
- намалени каматни стапки
- намален износ на колатерал
- зголемена рочност
- комбинација на сите/дел од претходно споменатите.
- Повеќе информации на: www.cdp.it
⮞ ЕДИФ-ГАРАНЦИЈА ЗА ММСП-ОТПОРНОСТ
- ЕИП-приоритет: финансиско вклучување
- Почеток: јуни 2022 година; во фаза на подготовка
- ЕДИФ-гаранцијата ги зајакнува ММСП со подобрен пристап кон финансирање. Преку поделба на ризиците со локалните комерцијални банки гаранцијата е наменета за поддршка на ММСП, со минимум 25 % од средствата алоцирани за претпријатијата.
- ММСП кои ги исполнуваат условите може да пристапат до кредити со поволни услови, и тоа:
- намалени каматни стапки
- намален износ на колатерал
- зголемена рочност
- комбинација на сите/дел од претходно споменатите.
- Започна со работа во јуни 2022 година по пандемијата на COVID 19 и во тековната енергетска криза. Оваа иницијатива им помага на ММСП во зајакнувањето на нивната отпорност додека напредуваат кон поодржлива економија, со ниско учество на јаглеродниот диоксид.
- Повеќе информации на: https://www.eif.org/what_we_do/resources/wbedif/index.htm
⮞ ЕФСЕ – ЕВРОПСКИ ФОНД ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
- ЕИП-приоритет: финансиско вклучување
- Вкупен износ: 5 милиони евра
- Во фаза на примена
- Наменета за микро, мали и за средни претпријатија од сите економски сектори, за земјоделци и за домаќинства.
- Финансирањето е преку локалните комерцијални банки, микрофинансиските институции, како и преку небанкарските финансиски институции.
- Каматната стапка за крајните корисници е во согласност со ценовната политика на банката.
- Повеќе информации на: www.efse.lu
⮞ ФОНД ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА (ЕНЕФ 2)
- ЕИП-приоритет: диверзифицирани финансии и финансирање
- Во фаза на примена; се спроведува од почетокот на 2021 година
- Фондот за проширување на претпријатијата (ЕНЕФ) е фонд за акционерски капитал што го катализира проширувањето на локалните мали и средни претпријатија (МСП) и на среднопазарно капитализираните претпријатија со голем потенцијал на Западен Балкан.
- Со фокус на обезбедувањето капитал и квазикапитал и на финансирањето долгови, ЕНЕФ II нуди финансиски поттик за раст и за проширување на малите претпријатија. Основан во декември 2021 година, а поддржан од Европската комисија, ЕБОР и од други институции за развојно финансирање, се очекува Фондот да понуди и до €75 милиони.
- ЕНЕФ II нуди повеќе од финансирање, односно обезбедува опсежна поддршка пред и по инвестирањето. Успехот не е само во бројките, па затоа Фондот дава поддршка и за препознавање и за решавање на ризиците поврзани со животната средина, општествените прашања и со владеењето (ЕСГ), како и можности за претпријатијата.
- Патувањето започна во 2014 г. со основањето на Фондот за проширување на претпријатијата (ЕНЕФ) во рамките на Инструментот за развој и иновации на претпријатијата од Западен Балкан (ВБ ЕДИФ), поддржан со почетен капитал од €48,5 милиони.
- Воден од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ЕНЕФ I успешно инвестира во 16 компании заклучно со јули 2020 година.
- Повеќе информации на: https://www.ebrd.com/work-with-us/projects/psd/52255.html
⮞ ПРОГРАМА ЗА РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ
- ЕИП-приоритет: иновации во трговијата и во вредносниот синџир
- Во фаза на примена; се спроведува од април 2019 година
- Изострување на конкурентските предности на малите и на средните претпријатија (МСП) со Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП. Со оваа иницијатива претпријатијата имаат можност да се истакнат на пазарот на ЕУ преку исполнување на стандардите за заштита на животната средина, за безбедност и здравје при работа, како и за квалитет и безбедност на производите.
- ЕБОР нуди финансирање долгови за подобните инвестиции преку локалните деловни банки. Ваквите кредитни линии се зајакнати со советодавни услуги финансирани од ЕУ, кои добро ги подготвуваат претпријатијата за да ги исполнат строгите стандарди.
- По успешното комплетирање и верификување на инвестициите, МСП може да добијат стимулација со поврат на средства и до 15 %.
- Повеќе информации на: web-sme-csp.com
⮞ СОВЕТИ ЗА МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
- ЕИП-приоритет: повеќетематско
- Во фаза на примена; се спроведува од 2012 година
- Зајакнување на малите и на средните претпријатија (МСП)
- Иницијативата нуди сеопфатни советодавни услуги, кои опфаќаат од стратегија и работење до управување со квалитет, финансиско известување, енергетска ефикасност и многу повеќе.
- Програмата функционира преку мрежа од локални консултанти и од меѓународни експерти, нудејќи пристап до најсовремени и најдобри практики. Целта е да се опремат претпријатијата со алатки што би ги подобриле нивните деловни резултати и што би ги изостриле нивните конкурентски предности.
- ЕБОР ја спроведува Програмата преку Инструментот за развој и иновации на претпријатијата (ЕДИФ).
- Повеќе информации на: www.ebrd.com/small-business-support/advice-for-small-businesses.html
⮞ КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА (ГФФ МАКЕДОНИЈА) ОД ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ (ЕБОР) – GREEN FINANCE FACILITY
- Вкупен износ: 30 милиони евра
- Се реализира преку „Шпаркасе банка“, „Шпаркасе лизинг“ и преку „Прокредит“ (засега „Шпаркасе“ има повлечено 7 милиони евра).
- • Наменета за кредитирање мали и средни компании за инвестиции во обновливи извори на енергија и во енергетска ефикасност.
- • Каматната стапка за крајните корисници е во согласност со ценовната политика на банката.
- • Повеќе информации на: www.ebrd.com/small-business-support/advice-for-small-businesses.html
⮞ КРЕДИТНА ЛИНИЈА ОД ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА (ЕИБ 7) ПРЕКУ МБПР
- Вкупен износ: 100 милиони евра
- Се реализира преку „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ Скопје, преку „НЛБ“, „Шпаркасе“ и преку „Прокредит“, но се потпишуваат договори и со други домашни банки.
- Наменета е за мали и за средни претпријатија (МСП).
- Каматната стапка за крајните корисници е 3,5 %.
⮞ КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА МАЛИ И ЗА СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ЕБОР
- Вкупен износ: 23 милиони евра
- Се реализира преку „Шпаркасе банка“ АД Скопје.
- Наменета е за кредитирање микро, мали и средни претпријатија, при што барем 30 % од средствата ќе се користат за финансирање проекти за транзиција кон зелена економија.
- Каматната стапка за крајните корисници е во согласност со ценовната политика на банката.
⮞ КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ГЕФФ II ОД ЕБОР
- Вкупниот износ на кредитната линија е по 1 милион евра за секоја банка („Прокредит“ и „Шпаркасе“).
- Наменета е за кредитирање поединци, заедници на станари, производители на зелени технологии и даватели на услуги, за инвестиции кои ја поддржуваат транзицијата кон зелена економија.
- Каматната стапка за крајните корисници е во согласност со ценовната политика на банката.