„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Групацијата за пазари е конституирана на 20.12.2005 година.
Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија се занимава со организација, анализирање и решавање на проблемите на Организаторите на Пазари, во насока на нивно непречено функционирање, модернизација и усовршување согласно законските прописи.
Работата на Организаторите на пазари во рамки на Групацијата на пазари е дефинирана и усогласена согласно Законот за Комунални дејности.
Во тек е изработка и на посебен закон “Закон за трговија на зелени пазари” во министерството за економија чија основна цел е пред се дефинирање на работењето на закупците на тезги со што ќе се овозможи пазарите да функционираат согласно законските прописи.
Групацијата на пазари во рамки на Здружението на комуналните дејности, при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на 16.1.2018 година на која беа избрани нови раководни структури во Групацијата. На изборната седница се избра нов претседател и двајца заменици претседатели. Нов претседател на Групацијата е Звонко Стојчев, директор во АД Скопски Пазар Скопје, а заменици претседатели се Љупче Лазевски раководител на пазарот во ЈКП Дервен Велес и Александар Касапов – директор на ЈП Пазари Битола.
На состанокот на Групацијата бдеше констатирано дека се дава подршка на новиот Закон за трговија на зелени пазари имајќи во предвид дека ова законско решение е иницирано токму од групацијата уште пред 10 години. Законот пред се ќе ја регулира позицијата на закупците на тезги на пазарите, а ќе ги дефинира и условите за работа на самите Организатори на пазари, а предвидува и оваа дјеност да може да ја вршат трговци регистрирани согласно Законот за трговски друштва со нивни средства и имот.
Во делот на идните активности групацијата на пазарите ќе работи на носење Стратегија за пазарите преку која можностите за преземање чекори во насока на нови вложувања, аплицирање за средства преку ЕУ фондови и други облици на подршка ќе бидат многу пореални во насока на модернизација на пазарите.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Групацијата на пазари обединува повеќе од 50 фирми, Посебни јавни претпријатија кои исклучиво се занимаваат со дејност пазари или се дел од Јавните комунални претпријатија во рамки на општините.
Актулени проблеми за кои организаторите бараат решение се сеуште постоечката нелегална трговија и сивата економија. Бараат да се донесе Законот за трговија од мал обем со кој сметаат дека ќе се решат повеќе проблмеи со кои сега се соочуваат во работењето. за таа цел се водат активни разговори на релација организатори на пазари - министерствто за економија и останатите надлежни државни инситуции.
Работата на Организаторите на пазари во рамки на Групацијата на пазари е дефинирана и усогласена согласно Законот за Комунални дејности.
Во тек е изработка и на посебен закон “Закон за трговија на зелени пазари” во министерството за економија чија основна цел е пред се дефинирање на работењето на закупците на тезги со што ќе се овозможи пазарите да функционираат согласно законските прописи.
Над 10.000 семејства во Република Македонија живеат од тргувањето на отворено
ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ СИЛЕН ПОТТИК ЗА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Прес конференција 18.04.2016 год.
Групацијата на пазари во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, ги здружува пазарите кои функционираат на локално ниво како самостојни комунални претпријатија или се дел од комуналните фирми кои обединуваат повеќе дејности, водовод, отпад, пазари и сл.
Една од целите на оваа Групација е преку осовременување и модернизација на пазарите да останат атрактивни за купувачите наспроти појавата на големите хипер маркети кои во еден дел стануваат конкуренција на зелените пазари. Согласно процените и споредбените анализи кои се прават од страна на компаниите во изминатите години, од 10 до 20% се чувствува пад на продажбата на зелените пазари по појавата на продажба на зеленчук и овошје во големите супер маркети. Сепак, ова не е проблем и тренд само во Македонија. Искуството е исто во целиот регион.
За таа цел, а во насока на задржување на атрактивноста на пазарите како удобно место за пазарење, согласно традицијата, но пред се` и поради значајниот економски ефект на државно ниво, организаторите на пазари се` поактивно се организираат и разменуваат искуства пред се` со земјите од регионот, поради близината, но и сличноста на менталитетот. Размената на идеи и искуства оди во две насоки:
- модернизација на пазарите преку инвестиции во изгледот и условите за пазарење и
- воведување нови содржини на пазарите со цел задржување на купувачите на пазарите.
Во тие рамки се и активностите на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија, која преку организирање посети на пазарите во регионот, учество на регионални и меѓународни конференции со цел размена на искуство и воведување новини на пазарите кои функционираат на локално ниво, ги следи светските текови во дејноста.
Последната конференција на која учествуваа организаторите на пазари од седум градови во Македонија, преку Групацијата на пазари беше Меѓународната конференција што се одржа во Суботица, од 6 до 8 април оваа година, каде покрај учесници од пазарите во Србија како домаќини, беа присутни и претставници на пазарите од Република Српска, Босна и Херцеговина и Република Унгарија. На Конференцијата се разговараше на две теми:
- Приспособување на пазарната дејност на пазарните предизвици на XXI век и
- Модели на формирање на цената, издавање тезги под закуп и наплата на пазарните услуги.
Во рамките на трибината беа презентирани различните начини на организациска поставеност на пазарите, предизвиците со кои се соочуваат, влијанието на големите хипер маркети на дејноста. Беа презентирани и моделите на организација и техничка поставеност на пазарите на големо во Унгарија.
Заклучокот на Конференцијата беше дека е нужна модернизација на пазарите и следење на новите трендови на купувањето согласно желбите на потрошувачите, но и динамичниот начин на живеење, имајќи го предвид фактот дека пазарите се` уште имаат големо значење во вкупната економска активност на секоја од земјите од регионот, од повеќе аспекти:
- од аспект на вработување (директно кај организаторите на пазари, но и индиректно преку регулирање на статусот на закупците на тезги);
- од аспект на плаќање даноци од страна на организаторите на пазари по основ на вршење трговија со закуп на тезги и деловни простори со кои располагаат и сл.;
- од аспект на плаќање данок на закупците на тези и трговците на пазарите;
- прометот што се реализира на пазарите кој во обем и не е така мал.
За информација, согласно податоците од пазарите, во Македонија постојат околу 15.000 до 20.000 закупци на тезги, што значи дека над 10.000 семејства живеат од тргувањето на зелените пазари. Повеќе статистички, како и економски податоци за влијанието на пазарите врз вкупната економска активност во овој момент е тешко да се добијат, пред се` поради фактот што за оваа дејност се` уште нема изработено стратегија преку која ќе се потврди нивната важност пред се` за локалниот економски развој.
На Конференцијата во Суботица беше договорено како следна активност да биде потпишување меморандум за соработка, со можност за формирање регионална асоцијација на пазарите, во насока на зголемување и подобрување на меѓусебната соработка, користење на искуството од останатите земји и следење на светските текови. Се иницираше конференција со регионален, па и меѓународен карактер да биде организирана и во Македонија до крајот на годината.
Инаку, беше организирана и посета на пазарите во Ниш и во Нови Сад. Активноста на Групацијата за посета на конкретни пазари е пред се` иницирана од потребите на организаторите на пазари во Македонија да разменат идеи и да ги споделат различните искуства од организациски аспект за тоа како пазарите да останат атрактивно место за купувачите. Во последните години реализирани се посети и на пазарите во Белград, Суботица, Вараждин, Загреб, Љубљана, како мотив за добивање идеи во насока на воведување нови содржини на нашите пазари, како и модернизација на истите.
Посетите на пазарите, поврзани со политиката на локално ниво да се инвестира во пазарите со цел да се задржи нивната атрактивност имајќи го предвид економското значење, веќе даваат резултати.
За таа цел, информација од активностите на Групацијата на пазари ќе биде доставена и до Министерството за економија во насока на потврдување на важноста на дејноста и нејзиниот вкупен економски ефект на домашната економија и на локалниот економски развој.
Имено, во многу градови низ Македонија вклучително и Скопје, во фаза е реконструкција, обнова на пазарите, па дури и изградба на класично нови пазари. При тоа, во голема мера се користи и искуството од веќе модернизираните пазари во земјите од регионот, преку изградба на нова инфраструктура, нови комунални решенија во делот на собирање и рециклирање на отпадот, одржување на хигиената на пазарите, набавка и изработка на нови посовремени и помодерни тезги, начин на покривање на пазарите (особено онаму каде што нема услови за изградба на класично нови пазари). Ова не е проблем само во Македонија, тоа е искуство и од земјите во регионот.
За таа цел, на прес-конференција што се одржа во Комората (18.4.2016 година), присуствуваа директорите и раководителите на пазарите во Битола, Штип и Скопје, кои секој од свој аспект информираа за значењето на зелените пазари на локално ниво и за инвестициските зафати кои се прават.
Крајната цел на денешната прес-конференција е да се потенцираат улогата и важноста на зелените пазари во вкупната економска активност, пред се` на локално ниво, потребата од нивна модернизација согласно интересите и желбите на купувачите и при тоа важноста од искуството што се добива при учество на регионални, меѓународни собири, како и посета на пазарите со цел размена на искуство за начинот на функционирање, организациската поставеност, законските прописи и, на крајот, формирање регионална асоцијација преку која континуирано ќе се следат искуствата во регионот, па и пошироко во светски рамки. Секако, битно е да се изработи и стратегија на пазарите, по теркот на веќе изработени вакви документи во Србија и Хрватска, согласно кои во периодот што следи ќе може да се иницираат и други активности со кои ќе се потенцира значењето и ќе се потврдува важноста на функционирањето на пазарите, како и нивниот позитивен ефект во домашната економија.
Даниела Михајловска Василевска
Меѓународна активност на групацијата на пазари 06 - 08.2016
Групацијата на пазари со 15-тина учесници, членки на групацијата во рамки на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија учествуваше на II МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЈНОСТА ПАЗАРИ ВО РЕГИОНОТ, организирана од страна на здружението на пазари на Р. Србија, а беше реализирана и посета на пазарите во Ниш и Нови сад.
На дво дневната конференција беа реализирани две панел дискусии на тема:
- Прилагодување на пазарната дејност на пазарните предизвици на XXI век и
- Трибина на тема - Модели на формирање на цена, издавање тезги под закуп и наплата на пазарните услуги.
На конференцијата беа присутни претставници на пазарите од Република Српска, Федерација Босна и Херцеговина, Македонија, Република Унгарија и Република Србија. Во рамки на трибината беа презентирани различните начини на организациска поставеност на пазарите, предизвиците со кои се соочуваат, влијанието на големите хипер маркети на дејноста. Беа презентирани и моделите на организација и техничка поставеност на пазарите на големо во Унгарија, а претставниците на Федерација Босна и Херцеговина информираа за тоа каква е организациската поставеност на функционирањето на пазарите.
Во насока на остварување поголеми можности за модернизација на пазарите, за потенцирање на нивната важност и местото во вкупната економска активност на секоја од земјите од регионот особено поради фактот што традицијата за пазарење на зелени пазари е се уште дел од дневното живеење во сите земји од регионот, на конференцијата беше констатирано дека ваквите средби се неминовност и дека размената на искуство и ставови може позитивно да влијае на натамошен развој на дејноста.
Во рамки на организираното присуство на меѓународната конференција, попатно беше организирана и посета на пазарите во Ниш и Нови сад, а беа посетени и зелените пазари во Суботица и пазарот на големо во истиот град. Учесниците од Македонија имаа можност да направат компарација на начинот на кој функционираат зелените пазари во Србија, споредено со Македонија, да се запознаат со начинот на организација, техничката поставеност, законската регулатива, видовите производи кои се продаваат на тезгите и сл.
Даниела Михајловска Василевска
Информација од реализирано учество на Регионалната конференција за пазари и посета на пазарите во Белград, Република Србија на 25 и 26.11.2015 година.
Групацијата на пазари при Здружението на комуналните дејности во рамките на Стопанската комора на Македонија, со група претставници од неколку компании организатори на пазари (ЈКП Дервен од Велес, ЈП Градски Пазар, Охрид, ЈКП Исар Штип, ЈП Комуналец Кавадарци, ЈКП Тетово, Тетово и АД Скопски пазар, Скопје), учествуваше на Регионалната конференција за дејноста пазари, што се одржа на 26.11.2015 година во Белград, Р. Србија.
На Конференцијата, покрај домаќините, организатори на пазари од Србија, учествуваа и организатори од Црна Гора и од Република Српска. На Конференцијата секоја земја поединечно ги претстави условите во кои стопанисуваат пазарите, законската рамка, перспективите за развој. Беа разменети искуства околу начините и можностите за нови инвестиции преку јавно приватно партнерство, аплицирање на проекти од ЕУ-фондови и сл., согласно веќе реализираните јавни приватни партнерства и моделот на приватизирање на пазарите.
Со цел користење на светските искуства, бенефициите, додеување грантови, аплицирање за средства од фондови и сл., на Конференцијата беше потенцирано дека регионот мора да стане член во Светската асоцијација за пазари, од каде би се добивале соодветни и навремени информации за можностите за обезбедување финансиски средства за нови инвестиции, начини на модернизација, примена на меѓународни стандарди, процедури и сл. Во таа насока, беше договорено во следниот период, три асоцијации за пазарите, да се здружат во регионална асоцијација која понатаму во таков облик ќе аплицира за членство во Светската асоцијација.
Во рок 6 месеци ќе треба да се реализира нов регионален состанок на кој би се официјализирала регионална асоцијација.
Даниела Михајловска Василевска
Групацијата на пазари, во рамки на здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, го разгледуваше Предлог законот за трговија на зелени пазари кој треба да влезе во владина процедура. 14.09.2015
Групацијата на пазари, во рамки на здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, на денешната седница констатираше дека Предлог законот за трговија на зелени пазари, кој треба да влезе во Владина процедура е согласно нивните досегашни барања. На овој начин само ќе се потврди и досегашното законско работење на организаторите на зелени пазари.
Сепак на состанокот беше предочено дека е потребно да се интервенира во допрецизирање на неколку члена, како и да се алармира на висината на казнените одредби кој се во многу висок износ.
За организаторите на пазари, законското решение ќе биде само уште една потврда за нивното легално работење, но се алармира на решавање на проблемот со дивите продавачи на просторот околу зелените пазари, кои освен што преставуваат нелегална трговија, се и нелојална конкуренција на тезгаџиите во пазарите, кои редовно ги плаќаат давачките, а се доведува под знак прашање и квалитетот на производите и потеклото на истите, за кои нема гаранција.
Посебен закон за трговија на зелените пазари се подготвува веќе неколку години и истиот треба да даде неколку кратен бенефит.
Даниела Михајловска Василевска
Унифициран терк на договори за закупците на тезги, што поитно носење на законот за трговија на зелени пазари, теми на состанокот на Групацијата на пазари во рамки на Здружението на комуналните дејности, 18.06.2015
Групацијата на пазари во рамки на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, одржа состанок, на кој претставниците на организаторите на пазарите разговараше за неколку отворени прашања.
Една од точките беше Тема теркот на Договорите како облигационен однос помеѓу Организаторот на зелен пазар и закупецот на тезга. Во таа насока беше отворена дискусија што како единствен терк треба да содржи договорот што организаторите им го нудат на закупците. Беше посочено дека во овој момент постои неусогласеност на законот за трговија (чии одредби се цитираат во договорите) и новиот закон за забрана за вршење на нерегистрирана дејност која пак нуди полиберален пристап во дефинирање кој се може да биде закупец на тезга. За таа цел, во отсуство на посебниот закон за трговија на зелени пазари беше договорено да се формира работа група која по летните одмори ќе го дефинира теркот на договорот, како и да се изработи терк на дневен договор,л кој е предвиден во новиот закон за трговија на зелени пазари кој е изработен но се уште не е донесен. При тоа на состанокот беше заклучено дека ќе треба да се предочи до надлежните државни институции дека постои неусогласеност во законската регулатива и да се побара да се испеглаат разликите.
На состанокот присутните разговараа и за регионалните активности кои се планираат за следниот период, со цел добивање повеќе информации за законската регулатива во дејноста во другите држави како и начинот на модернизација и осовременување на пазарите. Планирани се посети на зелените пазари во Сараево, Бања Лука и Загреб како и на пазарите во соседна Бугарија.
Организаторите на зелените пазари уште еднаш на состанокот ја потенцираа важноста од носење на посебен закон за трговија на зелените пазари, кој ќе треба да биде основа за преземање и други активности во насока на модернизација, осовременување на пазарите, вмрежување со фирми од регионот, поголема соработка со институциите во земјата. Не помалку важно прашање за организаторите е и изработката на деталните урбанистички планови и дефинирање на локациите на пазарите, што е од клучно значење за дејноста, имајќи во предвид дека е тоа основа за можноста за дополнителни вложувања и модернизација.
Даниела Михајловска Василевска
Активности за промоција на земјоделците кои продаваат сопствени производи на зелените пазари, предлага групацијата на пазари во рамки на Стопанската комора на Македонија 23.12.2014
Групацијата за пазари во рамки на Здружението за комунални дејности при Стопанската комора на Македонија ги разгледува можности какви се активности може да се преземат со цел поголема поддршка и промоција на земјоделците кои продаваат сопствени производи на зелените пазари. Како пример се зема искуството од земјите од регионот каде ваквите активности се дел од работата на здруженијата односно групациите за пазарите. За таа цел, на денешната седница на групацијата за пазари при комората, беше реализира средба и со претставници на Единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС и на федерацијата на фармери на Република Македонија – ФФРМ. Беа информирани за иницијативите кои групацијата за пазари е подготвена да ги преземе во насока на зачувување на дејноста, како и да и се даде поголемо значење.
На состанокот беше констатирано дека активностите кои ќе се преземаат во дејноста пазари, во следниот период, мора да бидат паралелно пратени со стратешки документ во кој ќе се дефинира важноста и значењето на постоењето на зелените пазари и нивниот ефект во вкупната економска активност.
Претставниците на групацијата на пазари на денешниот состанок, разговараше и за технички прашања околу регулирање на односот меѓу организаторите на пазари како даватели на услуги и закупците на тезги како корисници на истите. При тоа беше договорено, на почетокот на следната година да се организираат серија работни состаноци на кој ќе се договорат општите договорни услови на организаторите на пазари, кои би требало да важат за сите имајќи во предвид дека одреден група закупци на тезги закупуваат простор и во по веќе градови низ Македонија.
Даниела Михајловска Василевска
ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ, НАДЕЖ ЗА РЕШЕНИЕ НА ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМИТЕ СО ДИВИТЕ ПАЗАРЏИИ И НЕЛЕГАЛНАТА ТРГОВИЈА ОКОЛУ ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ, - ОЦЕНКА НА ГРУПАЦИЈАТА НА ПАЗАРИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, 14.05.2014
Групацијата на пазари во рамки на Здружението за комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, одржа состанок на кој една од темите беше да добијат подетално информација за надлежности и работата на инспекцискиот совет и улогата на инспекторите во решавање на проблемите со кои се соочуваат организаторите на пазарите (со посебен акцент на проблемот со дивите пазарџии).
На состанокот беше поканет и присуствуваше и Претседателот на Инспекцискиот совет, г-дин Ванчо Каргов, кој ги информираше присутните претставници на Организаторите на пазари за работата на советот.
За таа цел посочи дека во рамки на овој совет ќе бидат координирани 14 инспекторати и 15 организациони единици кои ќе останат да функционираат како дел од државни институции или агенции. Инспекторатот нема да има координација над инспекторатите на локално ниво, како и над оние кои се во рамки на независни Агенции или регулаторни тела.
Инспекцискиот совет, објасни Каргов пред присутните претставници на Организаторите на пазари, ќе има за цел покривање на 6 области, и повеќе задачи,
- Координација на инспекцискиот надзор и системска анализа на ризикот.
- Анализа на оценка на методологијата на инспекцискиот надзор.
-Хармонизација на законите. (200 закони ја третираат областа инспекција по разни основи, со 50 видови инспекциски служби и над 800 инспектори).
Претседателот на Инспекцискиот совет откако ги слушна размислувањата и забелешките од претставниците на Организаторите на пазари на денешниот состанок, предложи да се конципира материјал со конкретни предлози кои заедно со Инспекцискиот совет ќе бидат предмет на разговори, анализи, решавање. Организаторите на пазари, во најголем дел од своите дискусии како еден од најгорчливите проблеми го посочуваат нелегалното тргување околу зелените пазари, кои преставува сива економија и нелојална конкуренција за легалните закупци на тезги кои се лоцирани во рамки на самите пазари, што за нив преставува и губење на дел од работата, бидејќи има тезгаџии кои ги откажуваат тезгите и излегуваат да продаваат надвор од просторот на организаторите на пазарите. Сето ова повлекува и намалување или губење на дел од приходите во државната каса, бидејќи помалку пари по основ на давачки влегуваат во буџетот од Организаторите на пазари, а нелегалните продавачи пак не плаќаат никакви придонеси и даноци во државната каса.
Организаторите на пазари, на денешниот состанок разговараа и по последниот консолидиран текст на Предлог законот за трговија на зелени пазари, кој според информациите добиени од Министерството за економија, на 12 мај е објавен на ЕНЕР со рок до 22 мај да се дадат забелешки по истиот. Организаторите на пазари на состанокот посочија дека последниот предлог закон во најголем дел ги има инкорпорирано досегашните забелешки на Групацијата на пазари и дека постои задоволство од понудениот предлог текст. Но сепак беше решено дека во овој меѓу период до 22 мај уште еднаш работна група од Групацијата за пазари ќе го разгледа текстот и доколку има потреба ќе даде забелешки.
Даниела Михајловска Василевска
Групацијата на пазари на семинар во Берово расправаше за потребата од изготвување Стратегија на пазарите во земјава КОРТИСТЕЊЕ НА ИСКУСТВА ОД РЕГИОНОТ
Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија, во периодот реализираше семинар на тема: „Потреба од изготвување стратегија на пазарите во РМ”. Целта беше да се добијат повеќе информации (согласно искуствата во регионот) за изработка на стратегија за пазари како документ, рамка, која ќе биде основа за натамошно реализирање на активностите на општинско и на државно ниво. >>>
Информација за студиската посета на претставниците на Групацијата на пазари во Белград, Суботица, Љубљана, Загреб, Вараждин(24.06. – 29.06.2012 година)
Домаќин на македонската делегација во Вараждин беше претседателот на здружението на пазари и нивниот правен застапник. Интерес за средба со македонската делегација имаше и од страна на заменик градоначалникот на Вараждин, Вјеран Раделич. (Повеќе)
Информација од состанокот на Групацијата на пазари (02.03.2012) на којшто се разговараше за:
- Актуелната состојба на пазарите согласно Акциониот план на Владата за справување со сивата економија (активностите на инспекциските служби) и даночните обврските спрема Управата за Јавни приходи на закупците на тезги, беа присутни и претставници на Управата за јавни приходи. (Повеќе)
Информација од состанокот на Работната група на Групацијата на пазари со претставници на министерството за економија (31.01.2012 година)
Работната група на Групацијата на пазари составена од ЈП Пазари – Битола, ЈП Градски пазар – Охрид, ЈП дервен – Велес и АД Скопски пазар – Скопје и Екрем Власиу – Комора на закупци на тезги во просториите на Стопанската комора на Македонија оствари средба со претставникот на министерството за економија г-дин Александар Поповски (одговорен за решавање на проблемот со сивата економија на пазарите). >>>
Информација од состанокот на Групацијата на пазари (24.01.2012) на којшто се разговараше за:
-Анализата на состојбите на пазарите согласно спроведената анкета по разговорите на работната група со министерот за економија г-динот Валон Сарачини од 02.09.2011 година;
-Обновување на догорите со корисниците на тезги на пазарите во услови на се уште не донесен Закон за трговија на мал обем;
-Проблеми со имплементација на “Правилникот за начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките” објавен во Сл.Весник на РM бр.35/2011 година. (Повеќе)