„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од асоцијациите

Европски експерти од областа на осигурувањето на средба со Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва

11.07.2025

Претставници на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва предводени од претседателот, Оливера Клинчарова, одржаa работна средба во Охрид, со две значајни имиња од осигурителната теорија и пракса,  Nic De Мaesschalck, претседател на БИПАР-Европската федерација на осигурителни посредници и член на ЕИОПА- Insurance and Reinsurance Stakeholder Group, и проф. Karel Van Hulle, кој е креатор на Солвентност 2 директивата.

Темите кои се дискутираа на средбата беа од укажувањето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и тоа: анализа на ризик, објавување на стапки за брокеража, нееднаква положба на осигурително-брокерските и другите посредници во осигурувањето, примена на ИДД, за финансиски омбдусман, учество на брокери во јавните набавки, размена на искуства од повеќе земји и најновите трендови во осигурувањето.
Целта беше да се добие поширока слика за проблемите со кои се соочува пред се осигурително-брокерското работење во Македонија, но и пошироки теми кои се однесуваат на усогласувањето на работењето со европските стандарди и директиви.