„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

Мишиќ во дневникот на МТВ: Етичкиот кодекс за повисоки стандарди и подобро корисничко искуство

04.07.2025

 Потпретседателот на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија и извршен директор на Иуте Македонија, Билјана Мишиќ, беше гостинка во тема на денот во Дневникот на МТВ.

Повод за разговорот беше неодамна промовираниот Eтички кодекс на членките на Групацијата, како збир на вредности, принципи и добри практики од работењето на финансиските друштва, со цел поставување на уште повисоки стандарди во работењето над поставената регулативна рамка и овозможување на поголема транспарентност, професионалност и интегритет во работењето, кои дополнително ќе го подобрат корисничкото искуство на корисниците на услугите на финансиските друштва.
Мишиќ говореше и за моменталната состојба на пазарот, како и промените кои дојдоа со новите регулативни мерки, посочувајчи дека корисниците се повеќе преферираат финтек услуги, не затоа што не се погодни да користат услуги од банка, туку заради едноставноста, достапноста, брзината, транспарентноста.
 

Целото интервју може да го погледнете на Македонската Радио Телевизија