„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.06.2025
Во 2022 година кога му ја доделив благодарницата во име на Комората г.Коле подвлече: "И во кризни ситуации постои решение. Важен е секогаш човечкиот капитал кој е непроценливо богатство на една компанија и кој треба постојано да се едуцира и надградува".
г.Никола Ангеловски имаше 93 години и 74 годишен работен стаж. Роден во с. Крушје, Ресенско, фирмата во 1991 година ја именува „Илино промет“ по соседното место до неговото родно село, Илино, кое се наоѓа под преубавата планина Галичица.
Ангеловски беше пример на смиреност, мудрост и знаење. Со него кога разговарав, секој пат учев по една нова животна лекција. А најважното што секогаш го потенцираше беше дека треба да бидеме трпеливи и со позитивен пристап и знаење кон работите. Имаше многу голем круг на бизнис партнери, пријатели и соработници и кога некој пат се одржуваше некој голем корпоративен настан, како некој во Макстил-компанија нивен голем поддржувач и соработник, задолжително со посебни чести посебен гостин на таквите настани беше г. Коле. Ги снимаше важните настани и секогаш ми пушташе по некое парче од радио или ТВ снимени сега или во бившата југословенска република. Беше ризница на важни настани, случки и активности. Секогаш порачуваше дека само заедништвото и синергијата, поддршката од сите инволвирани страни и институции и напорната работа се формулата за успех посебно во овие времиња на работење исполнети со предизвици и непредвидливост.
„Илино Промет“ Скопје е приватна компанија која е основана во Скопје во 1991 година со основна дејност-трговија со црна и обоена металургија. Фирмата е активна членка на Стопанската комора на С. Македонија и е една од топ 100 извозни компании од РСМ. Во 2007 година се проширува со подружница „Илино Промет“ Кавадарци со дејност во дрвната индустрија. Во својата пилана, која се наоѓа во Кавадарци, изработува трупци, палети, паркет и др. производи од резана граѓа. Најголем дел од своите производи – трупците ги извезува. Во еден период најчесто извезуваше во Оман каде имаше сигурен партнер.
Стопанската комора на Македонија и јас лично изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство.
д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, советник во кабинетот на претседателот на Комората