„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Соработка за економски напредок: Средба меѓу гувернерот на Народната банка и претседателот на Стопанската комора

09.06.2025

Делегација на СКСМ предводена од претседателот Бранко Азески во која беа и потпретседателката, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски и членовите на УО,  Александар Манев и проф. д-р Дарко Лазаров, денеска ја посетија Народната Банка на Македонија и му честитаа на новиот гувернер проф. д-р Трајко Славески.

НБРМ е значаен партнер на приватниот сектор чиј застапник е СКСМ, а новиот гувернер е личност која има континуирана соработка со Комората сите изминати години.

Темите кои се разговараа денеска се однесуваат на основните функции на Народната Банка во задржување на ценовната стабилност, стабилноста на девизниот курс, супрвизија на банкарскиот сектор кој  е значаен субјект во работењето на бизнисот и сузбивање на сивата економија и циркулацијата на готовина во економијата.

На крајот делегациите се договорија следната средба да се одржи во првата половина на јули во Стопанската Комора и тоа да стане традиција секој месец, а потпретседателката Мојсоска-Блажевски ќе ја предводи групата која ќе ги организира и раководи активностите од наша страна.